Бидете вистинска дама за него

Дали вие се однесувате како вистинска дама кога сте во врска? Најверојатно ќе кажете да, но доколку ги правите овие работи спротивно, сликата на вистинска дама во очите на вашиот сакан, одамна избледнала.

bidete-vistinska-dama-za-nego-2

Еве неколку совети ќе ви помогнат како да го смените тоа и да направите тој повторно да се гордее што ве има.

Бидете искрени и отворено кажете му што сакате

Искреноста секогаш се исплаќа, а вашиот маж знае како да ја цени. Отворено кажете ги вашите желби и намери. Вие не сте способни да ги читате неговите мисли, зошто да очекувате тој да го прави тоа?

Не го залажувајте

Гледате дека не ви одговара како личност и вашата врска нема иднина.

Престанете да го залажувате. Само така ќе останете вистинска дама во неговите очи. Никој не сака да си го губи времето и да биде влечен за нос.

Слушајте кога тој ви зборува

Иако се констатира дека мажите не слушаат кога жената зборува, постојат и жени кои не обрнуваат внимание на тоа што има нивниот маж да им каже.

Бидете исклучок и посветете му го вашето целосно внимание кога зборува.

bidete-vistinska-dama-za-nego-1

Имајте почит кон него

Почитувајте ги неговите ставови, мислења и верувања. Освен тоа не заборавајте дека секој има потреба од своја приватност, иако е во врска.

Почитувајте ја неговата приватност и однесувајте се како дама, а вистинска дама не љубоморна и не го проверува телефонот на нејзиниот сакан. Таа верува дека е најдобра за него.

Пружете му поддршка

Вие имате свои соништа и надежи кон кои тежнеете да бидат остварени.

И тој исто, затоа пружете му целосна поддршка во сè што прави и ќе го добиете истото за возврат. Тоа е клучот за една успешна врска на џентлмен и дама.

Не лажете

Како што вие не сакате да бидете излажани, така и тој. Нема потреба за лаги доколку сакате да го задржите за цел живот. Искреноста ќе ви го овозможи тоа.

Доколку ја кажувате вистината, нема да имате потреба од паметење на детали и различни вистини.

Направете да се чувствува посебно за вас

Не очекувајте само тој да ја покажува неговата љубов и романтична страна. Направете да се чувствува посебно во ваша близина и нема никогаш да посака да ве напушти.

Не го напуштајте

Врската поминува низ тежок период и вие се двоумите дали треба да продолжите да се борите за неа. Секако дека треба! Доколку го сакате вашиот пшартнер, не го напуштајте. Вистинска дама никогаш не би го сторила тоа!

bidete-vistinska-dama-za-nego-4

Би можело да ве интересира:

„Маж ми ме изнервира и си земав пауза од бракот“ „Само му реков: ‘Ми треба пауза од тебе. Инаку не сакам да бидам доведена во сит...
Како да познаете лош (или насилен) партнер уште во првите шест месеци од врската? „Ако има навика да ве грабне за рака и да ве повлече силно кога сака да го следи...
Сингл девојко, добар маж доаѓа - и кога ќе те најде, ќе му заблагодари на Бог што си чекала Ти си токму таа жена за која добар маж се моли. Tаков маж постои. Тој се моли за...
11 работи кои мажите повеќе не ги прават, кога бракот ќе почне да се распаѓа Работи кои мажите повеќе не ги прават, кога бракот ќе почне да се распаѓа: Не ги...
Ноќта што промени сè: „Маж ми и јас се скаравме. Тргнав на породување, му ѕвонев 30 пати, не креваше... Беше тивка вечер, речиси обична. Ништо не навестуваше дека токму таа ноќ засеког...
„Мислев дека отворениот брак е супер идеја, но сопругот се вљуби во неговата љубовница“ „Мислев дека луѓето можат да бидат вљубени во една личност, а да спијат со друга...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg