Какви мажи бираат жените?

kakvi-mazi-biraat-zenite-povekjeДа се биде привлечен за девојките е сечија желба, но само одбраните имаат привилегија и тоа навистина е така. Верувале или не, постојат само...

 

...три типа мажи на кои денешните девојки “паѓаат“ и тие се оние кои владеат во светот на женско - машките односи.

Нема сомневање дека овие три типа на мажи никогаш немаат проблем да пронајдат партнерка, тие се машкиот крем на модерното време.

Тип 1. Има животинска машкост

Силен, многу мажествен. Тие се алфа мажјаци, со голема количина на тестостерон, набилдани фраери и секогаш ќе се трн во окото на госпоѓиците кои сонуваат и воздивнуваат. Машкоста е она кое ги пали жените и ваквиот тип на маж секогаш ќе биде забавен за женскиот род.

Некои работи од времето на пештерите не се променети. Анималното го привлекува поубавиот пол и готово е невозможно да се наиде на мажевен, помалку примитивен kakvi-mazi-biraat-zeniteмаж кој нема успех кај жените.

Ароганцијата, дрскоста, одлучноста, недостатокот на почитување према околината ги красат овие мажи и се чини дека станува збор за добитна формула, без разлика дали мажот има избричена глава, или е квартовски “мангуп“.

Тип 2. Тој е fancy, популарен, има стил!

Гламур, познати марки од облека и обувки, угледни пријатели. Со тоа уште ако доаѓа и скап автомобил, покажување на сопствената моќ - сигурно ќе биде привлечен за жените. “Покажи што имаш“ е мото на овој тип на мажи кои се љубовно еднакво успешни.

Иако наведените карактеристики ги красат богатите мажи и богатите средовечни мажи, дури не е потребно да се има многу на сметката, доволно е само да се глуми “живот на висока нога“ и  да се дружи со добро друштво.

Важно е да се направи лажен впечаток за маж со стил и љубовниот успех дефинитивно е тука. Но, не е така лесно, за ова е потребно да се има талент.

Гледање на луѓето од висина, елитизам и снобизам обично ги карактеризира fаncy  мажите. Сепак добро им оди и секогаш се опкружени со девојки.

Тип 3. Тој го има “она нешто“

Сите кои ги проучуваат машко-женските односи се задржуваат на “она нешто“ кое и тоа како ја комплицира љубовната сфера до крајни граници.

Меѓутоа, фактот дека поедини мажи со својата појава даваат впечаток дека се “отров за жените“, поубавиот пол веднаш дава заклучок  “тој го има она“. Мажот кој го има она станува посакуван, додека другите коментираат на нејзиниот избор “што е тоа што таа го гледа кај него?“

“Она нешто“ може да биде било што. Тоа понекогаш е секси погледот, убавиот глас или привлечната насмевка, но често “она нешто“ произлегува од комплетниот впечаток кој некој го создава.

Во овој тип на мажи спаѓаат разни ексцентрични уметници,долгокосите мажи и алтернативците како и харизматичните говорници.

Би можело да ве интересира:

Како да познаете лош (или насилен) партнер уште во првите шест месеци од врската? „Ако има навика да ве грабне за рака и да ве повлече силно кога сака да го следи...
Ноќта што промени сè: „Маж ми и јас се скаравме. Тргнав на породување, му ѕвонев 30 пати, не креваше... Беше тивка вечер, речиси обична. Ништо не навестуваше дека токму таа ноќ засеког...
„Таа имаше 3 пропаднати брака - со бизнисменот ѝ здодеа, со психијатарот не најде мир, но како најде... „Третиот брак ѝ беше со психијатар. Залудно сè, ако нема мир. Зошто да го плаќа ...
„Мaж ми се опседна со спорт - ме запоставува и мене и децата, тоа ни го уништува бракот“ „Нервозна сум... Таткото на моите деца секогаш го избира вежбањето наместо нив. ...
Зошто не е воопшто лошо да се биде сингл? Вкусот на неограничената слобода. Не треба да се консултираш, преговараш или убе...
Порака до моите бивши: „Ви благодарам што ме скршивте до точка од која сфатив - заслужувам подобро“ „Преживеав непочитување, ги игнорирав црвените знаци и се убедував себеси дека љ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg