Топ 5 пози кои ќе ја доведат до оргазам

Сексот има своја магија, но за да ја задоволите партнерката , постојат посебни пози и стимуланси со чија помош ќе ја доведете жената до лудило.

top-5-pozi-koi-ke-ve-dovedat-do-orgazam-01

Скоро секој маж колку и да глуми „алфа маж“, потајно се плаши дека нема да успее да ја задоволи својата партнерка за време на сексуалниот однос. Покрај грижата дали ќе ѝ се допадне она што има да го понуди, свесни се и дека на жените им е потребно повеќе време за да доживеат оргазам.

Затоа добро е да знаете 5 пози и стимуланси кои ќе ви помогнат во откривањето на фамозната Г-точка.

Мисионерска поза

Позата во која мажот е горе, а жената доле, често неправедно се нарекува досадна. Наспроти желбата за промена и сексуално експериментирање, голем број парови секогаш се враќаат на мисионерската поза бидејќи во неа мажот полесно ги контролира движењата и може да го продолжи сексуалниот однос. Уште подобро е кога мажот е поставен нешто повисоко над жената, па пенисот при пенетрацијата е насочен надолу, наместо нагоре.

top-5-pozi-koi-ke-ve-dovedat-do-orgazam-1


Секс додека стоите

Оваа поза е идеална за да се погоди Г-точката, која се наоѓа во пределот на предниот дел од вагината. Без разлика дали мажот ја придржува жената во воздух или ако разликата во висина е нешто помала, па може да се потпре на една нога додека другата ѝ ја придржува партнерот, оваа поза овозможува длабока пенетрација и интензивен оргазам.

top-5-pozi-koi-ke-ve-dovedat-do-orgazam-2


Лажичка

Оваа поза е идеална за утрински секс, а предност е што со многу мали движења и труд дава добра стимулација. Во „лажичката“ и мажот и жената се легнати на едниот колк, со тоа што тој лежи зад неа. Ако таа ги собере нозете го зголемува уживањето за него, а истовремено се стимулира клиторисот и Г-точката.

Исто така, мажот може со слободната рака дополнително да го стимулира клиторисот. Ако жената го свитка грбот, му овозможува подлабока пенетрација од поголем агол, така што неговите движења и колковите се движат од нејзините колена кон задникот, а не обратно.

top-5-pozi-koi-ke-ve-dovedat-do-orgazam-3


Каубојска поза

Ова е поза во која жената е горе, свртена или со лицето или со грбот кон мажот. Идеална е за жени кои сакаат да ја имаат главната улога во сексот. Мажот во тој случај има слободни раце со кои може дополнително да го стимулира клиторисот, а покрај тоа е многу возбудлива поради единствениот поглед на „акцијата“. Оваа поза е идеална ако задоволството ви е поважно од романтиката и нежноста.

top-5-pozi-koi-ke-ve-dovedat-do-orgazam-4


Кучешка поза

Ова е поза во која жената се наоѓа во поза на куче, потпрена на рацете и на колената, а мажот продира во неа одзади. Врвот на неговиот пенис директно го стимулира чувствителниот преден дел и Г-точката. Ако жената во оваа поза ги собере нозете, тогаш го зголемува притисокот на клиторисот, истовремено се зголемува и аголот за подлабока пенетрација.  Уште подобро е чувството ако жената се потпре на предниот дел од телото, односно на лактите, бидејќи на мажот му ги остава слободни рацете, па може да го стимулира нејзиниот клиторис.

top-5-pozi-koi-ke-ve-dovedat-do-orgazam-5

Би можело да ве интересира:

Што сакаат мажите постари од 40 години во сексот? (18+) Мажите над 40 години признаваат дека ги возбудува кога жената ќе облече нешто од...
21 работа во сексот што секој треба да ја направи барем еднаш (18+) Ако партнерот доживеал оргазам, а вие не, кажете му го тоа и бидете искрени дека...
Бон-тон правила во сексот што секоја културна жена треба да ги знае (18+) По сексот секогаш бидете подготвени да си заминете, освен ако партнерот не ви ка...
„Кучешка“ поза со лисици за авантуристите што сакаат жежок секс (18+) Сакате да го „зачините“ сексуалниот живот? Секогаш можете да пробате нешто ново ...
Секс поза „клацкалка“ – наменета за девојките што сакаат да доминираат за време на сексот (18+) Со оглед на тоа што партнерот треба да стои мирен, оваа секс поза е одлична за о...
„Жабa во скок“ - секс поза за врвно уживање (18+) Иако на почетокот може да ви изгледа неудобна, ќе се изненадите колку е лесна пе...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg