Што можат жените да научат од мажите?

Иако често жените не го разбираат машкото однесување и сметаат дека кога врската е во прашање мажите треба многу да учат. Како на пример да си го соберат тоа што го оставаат зад себе, но има и некои работи кои жените може да ги научат од мажите.

sto-mozat-zenite-da-naucat-od-mazite-01

Изјаснете се

Додека жените, главно, своите фрустрации ги држат за себе, мажите имаат тенденција веднаш да зборуваат за нив. Резултат? Жените стануваат уште пофрустрирани, додека во еден момент не експлодираат, а мажите кажуваат што имаат и продолжуваат понатаму со животот. За фрустрациите треба да се зборува, тоа ослободува.

Поинаков поглед

Жените може да бидат опседнати со детали и поради тоа да не ја гледаат големата слика. На мажите им е полесно да ги гледаат работите од поголема перспектива бидејќи не се оптоваруваат со најситните детали и анализи. Совет: Обидете се помалку внимание да обрнувате на деталите и ќе почувствувате олеснување.

Помалку озборување

Никој не сака озборување, а сепак сите понекогаш го прават. Постојаното озборување ги полудува мажите. Нив не им е грижа што прават нивните пријатели и не се споредуваат со нив. Жените се поинакви и понекогаш би требало да се огледаат на мажите кога се работи за озборувањето.

Помалку замерки

Иако мажите знаат да им се извинат на жените повеќепати, жените и понатаму чувствуваат бес. Кога се мажите во прашање, жената би требало премногу да згреши за мажот долго време да држи лутина. Негативната енергија поради лутењето не прави ништо добро, но на жените им е тешко да се ослободат од некои работи што многу ги повредиле. Мажите се во состојба да ја исклучат лутината и да продолжат понатаму.

Фокусирајте се на себе

Жените се учат дека мора да се грижат за другите. Таквите работи ги сфаќаат од однесувањето на нивните мајки и баби за време на растењето. Поради тоа многу жени губат, бидејќи другите ги ставаат пред себе. Мажот може да има семејство, успешна кариера и пак ќе се погрижи да најде време за своето хоби. Жените би требало исто да постапуваат.

Би можело да ве интересира:

11 работи кои мажите повеќе не ги прават, кога бракот ќе почне да се распаѓа Работи кои мажите повеќе не ги прават, кога бракот ќе почне да се распаѓа: Не ги...
„Има жени што го живеат својот рокенрол - со нив никогаш не знаеш на што си“ „Има жени што го живеат својот рокенрол. Колку и да го има сè помалку во светот,...
Експерт за врски од Србија: „Зошто мажите изневеруваат и во среќни бракови + Зошто жените први остав... „Мажот изневерува затоа што тој има потреба од поинаква верзија на себеси во нек...
8 докази дека сте сопруг за медал (дури и ако сопругата не ви го доделила) Kои се знаците дека сте одличен сопруг? Број 1: Слушате вистински... Не ја преки...
Наш психолог за разводите во Македонија: „Мажите копнеат по ‘изумрен тип’ на жени, жените први бара... „ПАТРИЈАРХАЛНАТА жена која живее во функција на потребите на мажот е речиси мртв...
9 (добри) навики на мажите кои без проблем освојуваат жени Вистинскиот маж знае да ѝ каже на жената: „Те разбирам, и јас би се чувствувал т...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg