10 најчести секс фантазии

Фантазиите се нормален и здрав дел од животот и најчесто се јавуваат кај најзадоволните луѓе кои немаат проблеми во креветот. Тие ни дозволуваат да уживаме во работите кои никогаш не сме можеле да ги доживееме.

10-najcesti-seksualni-fantazii-01

Ако сакате да фантазирате, знајте дека не сте единствени. Постојат 10 најчести фантазии во светот.

1. Егзибиционизам

Егзибиционистите се луѓе кои сакаат да бидат надгледувани од други. Од стриптиз до снимање на сексот може да се смета за егзибиционизам. Иако не би сакале сите да имаат домашно видео, 19 отсто од луѓето фантазираат некој да ги гледа за време на сексот, а 5 отсто фантазираат за да се соблечат во јавност. Ако ова е и ваша фантазија, изведете стриптиз за својот партнер за да си ја задоволите барем донекаде.

2. Воајерство

Воајерите не се само оние кои се кријат во грмушка со двоглед. Секој кој ужива во гледањето програма за возрасни знае да се постави во позиција на воајер. Воајерството е честа фантазија и на мажите и на жените, вклучувајќи ги сите случаи на набљудување на нечиј сексуален однос. Ако сакате да ја остварите оваа фантазија безопасно, одете на нудистичка плажа.

3. Доминација

Моќта секогаш ги усреќува луѓето, па не изненадува тоа што многумина сонуваат за тоа да доминираат над својот партнер за време на сексот. Иако оваа фантазија е почеста меѓу мажите, се јавува и кај жените кои не сакаат да бидат пасивни и повеќе сакаат да ги земат работите во свои раце. Во доминацијата спаѓа и плескањето по задникот, играњето улоги, костуми и валканите приказни. Паровите кои го сакаат тоа може да користат некои сексуални помагала и играчки.

4. Фантазија дека некој доминира над вас

Оваа фантазија е почеста меѓу жените. Одвреме-навреме тие имаат желба нивниот нежен маж да се претвори во силен маж кој ќе им покаже кој е главен. Но, доминацијата не смее да се случи без нивна дозвола и не смее да премине и во другите области од животот.

5. Присилување

При оваа фантазија жената или мажот очекуваат да бидат присилени на сексуалната активност. Изненадувачко е тоа што овие фантазии се многу чести, па дури 40 отсто од жените признаваат дека ги имаат. Но, тоа никако не значи дека жените сакаат да бидат силувани, затоа бидете внимателни.

10-najcesti-seksualni-fantazii-2

6. Ученичка и професор

Ова е една од омилените женски фантазии. Во оваа фантазија еден од партнерите глуми ученик/чка, а другиот професор/ка. Најчесто се случува ученикот/чката да биде казнет/а и исплескан/а по задникот. Оваа фантазија е слична со фантазијата со шефот поради моќта која ја имаат шефот и професорот над своите подредени.

7. Секс на јавно место

Според магазинот „Man’s Health“, 64 отсто од жените сонуваат за тоа да имаат секс надвор од куќата, без разлика дали се работи за плажа, ливада, водопад или некое друго, не толку романтично место како што се јавните тоалети или лифтовите. Оваа фантазија е слична со егзибиционизмот, иако новото место е главниот нагон, ризикот дека некој може да ве фати, го прави самиот чин повозбудлив. Оваа фантазија е една од фантазиите за која сонуваат најголем број луѓе.

8. Секс со странец

За многу луѓе желбата да имаат секс со странец е неодолива. Има нешто возбудливо и мистериозно во односот со некој кон кого немаме обврска и на кого не мора да му го знаеме ниту името. Притисокот е многу помал, бидејќи немаме желба да ја импресионираме таа личност, па не се плашиме да пробаме и нови работи.

9. Секс со шефот

Сексот со колега или со шефот е особено храбар чекор. Не само што може да создаде тензија во канцеларијата и да ги направи работите понепријатни, туку може да дојде и до обвинувања за сексуално вознемирување и до отпуштања. Од друга страна, многу луѓе фантазираат за тоа да имаат секс со шефот или со својот вработен/а. Ако постои и ризикот дека може да бидат видени, возбудата е уште поголема. Дури 56 отсто од жените и 61 отсто од мажите фантазираат за ваков секс.

10. Тројка

Порано „тројката“ била табу тема во високите друштва. На тоа гледале како на нешто валкано. Но денес е сосем поинаква приказната. Тројката е попопуларна од кога било благодарение на тоа е сè поприсутна во медиумите и благодарение на договарањата и комуникацијата преку интернет. Без оглед на непријатноста и љубомората која може да ја предизвика, многу парови размислуваат за тројка кога сакаат да го освежат својот љубовен живот.

10-najcesti-seksualni-fantazii1

Би можело да ве интересира:

Што сакаат мажите постари од 40 години во сексот? (18+) Мажите над 40 години признаваат дека ги возбудува кога жената ќе облече нешто од...
21 работа во сексот што секој треба да ја направи барем еднаш (18+) Ако партнерот доживеал оргазам, а вие не, кажете му го тоа и бидете искрени дека...
Гоца Тржан сака секс на јавно место, Ким Кардашијан – кучешка поза: Што им е омилено во сексот на по... Анџелина Џоли сака садо-мазо, а Ријана секси играчки и врзување... Што сакаат на...
„По трауматичното детство и загубата на синот станав зависничка од секс – Како се чувствував секојпа... „Она што беше различно кај мене беше тоа што јас не го користев сексот за задово...
Секс потези од порно филмовите што жените ги мразат, а мажите често им ги наметнуваат, според секс е... „Порно филмовите не се водич со инструкции, постојат за забава, а не да ве инфор...
„Кучешка“ поза со лисици за авантуристите што сакаат жежок секс (18+) Сакате да го „зачините“ сексуалниот живот? Секогаш можете да пробате нешто ново ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg