Момците ги откриваат нивните најголеми тајни и стравови

Ако мислевте дека мажите се секогаш опуштени и безгрижни во однос на девојките, па лесно им е да глумат главни фраери, се лажете. Можеби девојките мислат дека само тие имаат проблем и недоразбирања поради кои сакаат да можат да им влезат на мажите во глава, но и мажите имаат свои стравови.

momcite-gi-otkrivaat-nivnite-najgolemi-tajni-i-stravovi-01

Многу работи би ги направиле поинаку ако не се плашат да ви кажат неколку работи, а при тоа да не им се налутите и да си заминете.

1. Сака да зборува за сексот уште на почеток на врската, но не знае како

Кога би можел уште на првиот состанок да постави прашање за тоа што ја возбудува девојката и каков секс сака, таа веројатно би побегнала без оглед на сè и би помислила дека има работа со некој сексуален манијак.

2. Поважно му е која си и каква си, отколку што работиш

Кога зборуваш за тоа кој факултет си го завршила или како си ја добила работата, тој е среќен заради тебе, но нема поради тоа да посака да биде со тебе. Тој повеќе те цени како личност тебе, отколку твоите работни успеси. Сепак, на почеток на врската нема да ви го каже тоа, бидејќи му е непријатно да ти забележува уште на почетокот.

3. Се плаши дека си заинтересирана само за едно нешто

Жените мислат дека тоа е сексот, а мажите се плашат дека тоа се парите. Негова ноќна мора е дали ќе го третирате како полн паричник или како обичен човек.

momcite-gi-otkrivaat-nivnite-najgolemi-tajni-i-stravovi-1.jpg

4. Понекогаш не знае како треба да се однесува

Девојки, ако на работа сакате да бидете рамноправни со мажите, а на љубовниот состанок очекувате дека тој ќе го преземе водството, тој повторно ќе биде збунет. На мажите понекогаш не им е јасно како да ги протолкуваат сигналите кои ги добиваат.

5. Тешко му е бидејќи секогаш мора да биде иницијатор

Се однесува како да му е сеедно, но само затоа што нема избор. Тој секогаш мора да биде подготвен за лов, да иницира и да го презема ризикот да биде одбиен.

6. Се плаши дека ќе го загуби идентитетот и слободата

Мажот не се плаши дека ќе се заљуби во некоја девојка и дека ќе остане со неа до крајот на животот, туку се плаши дека врската ќе се претвори во затвор поради што ќе престане да ги прави работите што ги сака.

momcite-gi-otkrivaat-nivnite-najgolemi-tajni-i-stravovi-2.jpg

Би можело да ве интересира:

11 работи кои мажите повеќе не ги прават, кога бракот ќе почне да се распаѓа Работи кои мажите повеќе не ги прават, кога бракот ќе почне да се распаѓа: Не ги...
Како да познаете лош (или насилен) партнер уште во првите шест месеци од врската? „Ако има навика да ве грабне за рака и да ве повлече силно кога сака да го следи...
Експерт за врски од Србија: „Зошто мажите изневеруваат и во среќни бракови + Зошто жените први остав... „Мажот изневерува затоа што тој има потреба од поинаква верзија на себеси во нек...
„Маж ми ме изнервира и си земав пауза од бракот“ „Само му реков: ‘Ми треба пауза од тебе. Инаку не сакам да бидам доведена во сит...
Сингл девојко, добар маж доаѓа - и кога ќе те најде, ќе му заблагодари на Бог што си чекала Ти си токму таа жена за која добар маж се моли. Tаков маж постои. Тој се моли за...
„Таа имаше 3 пропаднати брака - со бизнисменот ѝ здодеа, со психијатарот не најде мир, но како најде... „Третиот брак ѝ беше со психијатар. Залудно сè, ако нема мир. Зошто да го плаќа ...

Најчитани неделава