Што мора да знаете за сексот на брзина?

Точно е дека сексот е прекрасен кога се случува во романтична и мирна атмосфера, но еднаква магија има и авантуристичкиот, брз секс.

sto-mora-da-znaete-za-seksot-na-brzina-01.jpg

Пред да се впуштите во ваква кратка авантура, еве што треба да знаете:

Задолжително користете заштита

Во моментите на страст и желба за жешка авантура, колку и да ви изгледа непотребно, одвојте 2 секунди и заштитете се. Дури и да користите пилули, погрижете се секогаш при рака да имате презерватив.

Не глумете оргазам

Потполно е нормално на жените да им треба повеќе време за да го достигнат врвот, па ако за време на брзиот секс тоа не се случи, немате потреба од глумење или фрустрации. Уживајте додека трае!

Нема секс пред други луѓе

Колку и да се чувствувате возбудени во моментот вреди да пронајдете некое катче каде ќе се сокриете од туѓите погледи. Не сакате да завршите како најновата атракција на YouTube.

Стишете се за време на јавниот секс

Ако веќе сте се одлучиле да ризикувате и да имате секс на јавно место, барем бидете пристојни и дискретни. Прегласното покажување на емоции повторно може да заврши како што не сакате.

Не губете време на предигра

Токму во тоа е поентата на брзиот секс. Предиграта оставете ја за друг пат.

Погрижете се за хигиената

Ова се однесува на местото каде што сте решиле да имате секс. Не секогаш ќе имате можност за чист кревет, но избегнете ги секс авантурите во валканите јавни места. На крајот ќе зажалите, наместо да уживате.

Не се плашете од експерименти

Сексот на брзина е идеален начин да испробате нови пози. Неочекуваните изненадувања дополнително може да ве возбудат.

Слободно покажете иницијатива

Без оглед дали сте момче или девојка, зошто вие да не ја иницирате оваа авантура? Верувајте дека другата страна нема да се побуни.

Задолжително проверете го изгледот потоа

Посебно ако сте на јавно место. Не сакате да се вратите во просторијата и сите да откријат што се случувало изминатите неколку минути. Само еден поглед во огледалото може да ви го спаси достоинството.

Би можело да ве интересира:

11 работи кои мажите повеќе не ги прават, кога бракот ќе почне да се распаѓа Работи кои мажите повеќе не ги прават, кога бракот ќе почне да се распаѓа: Не ги...
Како да познаете лош (или насилен) партнер уште во првите шест месеци од врската? „Ако има навика да ве грабне за рака и да ве повлече силно кога сака да го следи...
„Избегнував да бидам интимен со мојата сопруга со години и тоа ни го уништи бракот“ „Нашиот брак главно беше среќен, но отсекогаш сум имал проблеми со интимноста. Ј...
Експерт за врски од Србија: „Зошто мажите изневеруваат и во среќни бракови + Зошто жените први остав... „Мажот изневерува затоа што тој има потреба од поинаква верзија на себеси во нек...
„Мечкина прегратка“ - Хит поза за водење љубов за паровите кои сакаат врвна интимност и страст Доколку сакате блискост и интимност при водењето љубов, тогаш ќе ви се допадне п...
„Маж ми ме изнервира и си земав пауза од бракот“ „Само му реков: ‘Ми треба пауза од тебе. Инаку не сакам да бидам доведена во сит...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg