Рецепт за среќен и долготраен брак: Совети од искусни брачни двојки

За многумина, кажувањето „Да” е најлесниот дел од нивниот живот, но одржувањето на бракот подразбира тешка работа.

recept-za-srekjen-i-dolgotraen-brak-soveti-od-iskusni-bracni-dvojki-1

Искусните брачни парови решија да ја споделат тајната за долговечен и успешен брак, со сите останати.

Погледнете ги овие мудри совети кои ќе ве однесат до дестинацијата на среќните бракови:

1. Комуницирајте еден со друг. Најважно во бракот е да не постојат тајни и да ги споделувате своите чувства и мислења.

2. Запомнете, лошите денови бргу ќе поминат.

3. Искажувајте си ја љубовта на најразлични начини. Останете поврзани психички и физички и не заборавајте на редовниот секс, нежните допири и слатките бакнежи.

4. Воспитувањето деца умее да нанесе стрес, но годините поминуваат бргу и вашите деца ќе пораснат.

5. Не се преокупирајте со ситници, туку мислете на големите работи. Зарем за 10 години ќе биде важно кој ги измил садовите? Потсетувајте се дека врската има поголемо значење од било која ситница.

6. Наполнете го фрижидерот со нејзините односно неговите омилени работи. Барем еднаш, сторете го тоа.

recept-za-srekjen-i-dolgotraen-brak-soveti-od-iskusni-bracni-dvojki-2

7. Фокусирајте се на она што вам ви се допаѓа и она што ве исполнува како индивидуа. Врската може да биде успешна само кога и двајцата партнери поединечно водат среќен живот, надвор од границите на бракот.

8. Не премолчувајте. Секогаш разговарајте околу сите проблеми и не им дозволувајте на емоциите да изградат ѕид меѓу вас.

9. Правете компромис. Можеби ова ви звучи како да се откажувате од вашите желби и идеали, но воопшто не е така. Некогаш попуштајте вие, а некогаш тоа за вас ќе го стори вашиот партнер/партнерка.

10. Никогаш не се сфаќајте здраво за готово, мора да вложувате труд цело време.

11. Среќните бракови се исполнети со спонтаност. Закажете одмор во последен момент или купете некој подарок. Едноставно, накратко заборавете на роковите и препуштете се на моментот.

12. Дури и во тек на кавга, секогаш покажувајте добрина. Запомнете дека тој/таа е личноста за која сте се венчале.

13. Пронајдете некое ново заедничко хоби и поминувајте повеќе време заедно. Трчајте, возете велосипед, сликајте...

14. Секогаш кажувајте отворено што ви е потребно. Никој не може да ги прочита вашите мисли.

recept-za-srekjen-i-dolgotraen-brak-soveti-od-iskusni-bracni-dvojki-3

15. Практикувајте барем еднаш во месецот да излезете некаде во ресторан, кафуле или на прошетка. Без разлика колку и да сте уморни, имајте состаноци исто како кога сте биле во врска.

16. Имајте заеднички буџет, на тој начин полесно ќе се ориентирате кон иднината и вашите соништа.

17. Секогаш поддржувајте го вашиот партнер, во сѐ што сака да направи.

18. Имајте сопствени пријатели со кои ќе излегувате и ќе се дружите без вашиот партнер.

19. Секогаш верувајте и стекнете доверба еден во друг.

20. Не заборавајте зошто сте се заљубиле во партнерот. Без разлика дали било смислата за хумор или некоја друга карактеристика. Потсетувајте се на причината.

21. Не ги заборавајте двата магични зборови „Те сакам” и секогаш бидете подготвени да дадете комплимент.

22. Ценете го она што го имате, бидејќи постојат луѓе кои го посакуваат тоа.

23. Уживајте во моментот. Со текот на годините работите можеби ќе станат комплицирани, а можеби нема. Не мислете на иднината, ниту на минатото... фокусирајте се на сегашноста. 

Би можело да ве интересира:

11 работи кои мажите повеќе не ги прават, кога бракот ќе почне да се распаѓа Работи кои мажите повеќе не ги прават, кога бракот ќе почне да се распаѓа: Не ги...
Зошто не е воопшто лошо да се биде сингл? Вкусот на неограничената слобода. Не треба да се консултираш, преговараш или убе...
15 тајни на брачните парови кои ретко се караат (применете ги веднаш) Не чекајте да настане проблем за да зборувате. Доволни се неколку искрени речени...
Животот во брак не е идеален, но без оглед на сè: „Се гледаме дома, љубов“ Животот со саканата личност не е онаков каков што многумина го замислуваат. Не с...
„Има жени што го живеат својот рокенрол - со нив никогаш не знаеш на што си“ „Има жени што го живеат својот рокенрол. Колку и да го има сè помалку во светот,...
Како да познаете лош (или насилен) партнер уште во првите шест месеци од врската? „Ако има навика да ве грабне за рака и да ве повлече силно кога сака да го следи...

Најчитани неделава