Зошто одлучив да се состанувам само со милионери?

Надиа Есекс не крие дека важно и е материјалното богатство на момчето со кое сака да доживее љубов. Гостувајќи во една емисија таа објасни зошто веќе не губи време со сиромашни или просечни момци.

zosto-odluciv-da-se-sostanuvam-samo-so-milioneri-01.jpg

„Доста ми е од гледање со момци без пари. Се почитувам себеси и сакам убави работи,“ објаснува.

Надиа е изразната во богато семејство кое доживеало банкрот во ‘90те години. Својата желба за богат партнер ја оправдува и со тоа дека е израсната во богатство, па сиромаштвото тешко го поднесува.

Се прашувате што мислат нејзините родители?

„Кој родител не би сакал неговата ќерка да се омажи за милионер,“ вели мајката на Надиа.

Сепак, Надиа не се смета за девојка која бара спонзор, туку сака да ужива и во љубовта и во богатството.

„Да се работеше само за пари, одамна ќе бев омажена и со масивен камен на прстот. Не сум омажена затоа што барам љубов. Сакам бајка, сакам пеперутки во стомакот.“

Таа признава дека до сега ја усовршила техниката за лов на богати мажи и ги знае речиси сите места каде може да ги сретне.

„Милионерите нема да ги пронајдете во локалниот паб, затоа вреди да ги знаете сите луксузни места во Лондон.“

Заинтригираниот водител во текот на ова интервју ја запраша што би се случило ако го напушти студиото и налета на згоден и добар автомеханичар.

„Да бидам искрена, не би се впуштила во врска. Сакам моите мажи да се богати и да привлекуваат внимание каде и да се појават,“ гласел одговорот на Надиа.

Би можело да ве интересира:

„Таа имаше 3 пропаднати брака - со бизнисменот ѝ здодеа, со психијатарот не најде мир, но како најде... „Третиот брак ѝ беше со психијатар. Залудно сè, ако нема мир. Зошто да го плаќа ...
11 работи кои мажите повеќе не ги прават, кога бракот ќе почне да се распаѓа Работи кои мажите повеќе не ги прават, кога бракот ќе почне да се распаѓа: Не ги...
Како да познаете лош (или насилен) партнер уште во првите шест месеци од врската? „Ако има навика да ве грабне за рака и да ве повлече силно кога сака да го следи...
„Тим билдинг е еднакво на разврат - оженети мажи и омажени жени со афери по хотели“ „Тим билдинг е еднакво на разврат. Женети мажи и мажени жени се развлекуваат по ...
Животот во брак не е идеален, но без оглед на сè: „Се гледаме дома, љубов“ Животот со саканата личност не е онаков каков што многумина го замислуваат. Не с...
„Мислев дека отворениот брак е супер идеја, но сопругот се вљуби во неговата љубовница“ „Мислев дека луѓето можат да бидат вљубени во една личност, а да спијат со друга...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg