Вежби кои го подобруваат сексуалниот живот

За поголемо уживање во сексот и подготвеност за нови пози, започнете со овие вежби уште денес.

vezbi-koi-go-podobruvaat-seksualniot-zivot-01.jpg

1. Чучнувањата се одличен начин да ги затегнете мускулите на стомакот, задникот и нозете, а уште поважно е што крвта ќе ви проструи на оние места кои додатно ја зајакнуваат желбата.

2. Јога положбата во која лежите на грб и стапалата ги држите со раце, е одлична за да ги избегнете болките по односот.

3. Девојки, додека седите во канцеларија, гледате серија или читате книга, обидете се наизменично да ги стегате и опуштате мускулите на дното на карлицата.

4. Уште една положба која може да ви го подобри љубовниот живот е мостот. Затоа, секојдневно изведувајте ја оваа поза, останете во воздух неколку секунди и вратете се во првичната положба. Повторете ја постапката колку можете повеќе пати.

5. За да ги зајакнете мускулите на рацете, задникот и бутовите, кои се клучни кога менувате пози во креветот, практикувајте да ја правите следнава вежба - легнете на под, потпрете се на рацете и колениците, а потоа целата тежина префрлете ја на дланките и прстите на нозете.

На овој начин мускулите ќе ви се затегнат по само неколку дена, сексот ќе биде многу подобар, а партнерот воодушевен. Вреди да пробате.

Би можело да ве интересира:

Животот во брак не е идеален, но без оглед на сè: „Се гледаме дома, љубов“ Животот со саканата личност не е онаков каков што многумина го замислуваат. Не с...
„Не пробувајте да бидете порно ѕвезда“ – Интимни совети кои можеби ќе сакате да сте ги слушнеле пора... „Сексуалната некомпатибилност е вистинска – љубовен јазик, движења, нивоа на агр...
„Со партнерот 30 дена водевме љубов двапати дневно - Што се случи со нашиот однос?“ „Започнавме со играта „странци во бар“. Се преправавме дека не се познаваме, а з...

Најчитани неделава