7 клучни разлики помеѓу момчето и сопругот

Кога се забавувате со некое момче најчесто сметате дека е совршен. Толку сте заљубени што воопшто и не ги забележувате неговите маани, но и очигледните карактеристики кои се дел од него.

7-razliki-pomegju-momceto-i-soprugot-koi-treba-da-gi-znaete-01

Сепак, луѓето со текот на времето се менуваат за некои работи. Како што одминува времето и како се менуваат обврските и случувањата во секојдневието, така и тие се менуваат.

Постојат некои клучни разлики кои се помеѓу она што е вашето момче со кое повремено се забавуват  и што значи кога имате некој кој ви е сопруг.

1. Момчето сака да се дружи со вас, сопругот сака да биде со вас

Дружењето кое го бара вашето момче, подразбира помалку обврски на состаноците и воопшто во врската. Тој сака да се забавувате, но да не зависите еден од друг. Сопругот кога ве изведува на состанок тоа не се места само за забава, туку место каде може да биде со вас, да разговарате и да си поминете убаво.

2. Разговорите со сопругот се подлабоки

Момчето повеќе ви зборува за другите луѓе и случувања околу вас и ве забавува. Додека сопругот сака со вас да разговара за позначајни, подлабоки нешта, сака да знае како размислувате за некои животни прашања и интереси.

3. Кавгите се помали со сопругот

Момчето реагира на вашиот став, го сфаќа лично и ви враќа уште пожестоко, па сето тоа може лесно да прерасне во голема кавга. Сопругот се обидува да ве разбере и да ве смири, што е особено важно доколку поминувате низ некаква криза и ако имате тежок ден на работа.

7-razliki-pomegju-momceto-i-soprugot-koi-treba-da-gi-znaete-2

4. На момчето му е најважен вашиот изглед

Момчето обнува многу поголемо внимание на тоа како изгледате и очекува секогаш да бидете речиси перфектни. Сопругот знае дека секој има свои добри и лоши денови и нема да ве задева ниту да ве сака помалку.

5. Сопругот го знае значењето на зборовите „Те сакам“

Момчето може да ви каже „извини“ или  „те сакам“ секогаш кога чувствува дека може да ве загуби или дека токму тоа сакате да го слушнете, иако во моментот тој не го мисли истото. Сопругот ќе ви се извини кога за нешто навистина му е жал, а ќе ви каже „те сакам“ тогаш кога вистински ја чувствува потребата, но постојано ќе ви покажува со дела.

6. На момчето не му требаат вашите пријатели

Момчето нема потреба од дружење со вашите пријатели, бидејќи повеќе сака да го искористи времето за вас двајца насамо. Сопругот сака да разговара и да се дружи со вашите пријатели, бидејќи ги сфаќа како дел од вашиот заеднички живот.

7. Момчето ретко ве слуша

Можеби изгледа како целосно да е концентриран и внимателен додека му зборувате, но може и само да глуми учтивост без да обрне внимание на она што сакате да го кажете. На сопругот му е важно што зборувате, сака да го знае вашето мислење за нешто колку и да е тоа нешто обично.

7-razliki-pomegju-momceto-i-soprugot-koi-treba-da-gi-znaete-1

Би можело да ве интересира:

Зошто не е воопшто лошо да се биде сингл? Вкусот на неограничената слобода. Не треба да се консултираш, преговараш или убе...
Како да познаете лош (или насилен) партнер уште во првите шест месеци од врската? „Ако има навика да ве грабне за рака и да ве повлече силно кога сака да го следи...
„Мислев дека отворениот брак е супер идеја, но сопругот се вљуби во неговата љубовница“ „Мислев дека луѓето можат да бидат вљубени во една личност, а да спијат со друга...
„Избегнував да бидам интимен со мојата сопруга со години и тоа ни го уништи бракот“ „Нашиот брак главно беше среќен, но отсекогаш сум имал проблеми со интимноста. Ј...
„Не пробувајте да бидете порно ѕвезда“ – Интимни совети кои можеби ќе сакате да сте ги слушнеле пора... „Сексуалната некомпатибилност е вистинска – љубовен јазик, движења, нивоа на агр...
Сингл девојко, добар маж доаѓа - и кога ќе те најде, ќе му заблагодари на Бог што си чекала Ти си токму таа жена за која добар маж се моли. Tаков маж постои. Тој се моли за...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg