8 причини заради кои мажите го напуштаат бракот

Браковите не се распаѓаат преку ноќ. Тие обично завршуваат по години напорно поправање на работите. А кога се ќе заврши, повеќето луѓе се свесни за точката која ги довела до развод.

8-pricini-zaradi-koi-mazite-go-napustaat-brakot-01.jpg

Ако ги прашате разведените мажи, еве зошто тие најчесто го напуштаат бракот:

1. Изморени се од женските бесни напади

Имав сообраќајна несреќа, ја изгубив работата и паднав во депресија заради смртта на близок член во семејството, а мојата жена сакаше златен часовник. И реков дека моментално не смеам да трошам пари. Таа отиде во бањата и плачеше со часови. Тоа беше прв пат кога не изреагирав на нејзините солзи. По неколку часа дојде и ме праша дали сакам развод. Тоа до тогаш не ми падна на памет, но тоа беше моментот кога сфатив дека всушност ми треба тој развод.

2. Недостиг на доверба

Сфатив дека е готово кога се фатив себеси како ги фотографирам сообраќајните знаци на патот од работа до дома кој трае 25 минути. А сето тоа само да и докажам дека не ја изневерувам. Кратко потоа ја напуштив.

3. Живот како цимери

За време на последната година од заедничкиот живот повеќе бевме цимери, отколку љубовници. Веќе не сакаше да поминува време со мене, престанавме да се тушираме заедно  и започнавме да спиеме во различно време. Таа беше несреќна. Јас пробав да го спасам бракот, но знаев дека конечно е готово кога ми кажа дека повеќе не ме сака.

4. Кога пресметките не се поклопуваат

Бев 7 месеци на службен пат, а дома затекнав жена во петти месец од бременоста. Не сум некој математичар, но овде не беше многу комплицирано.

5. Кога таа не ја разбира машката депресивност

И раскажував како се чувствувам депресивно и потиштено. И ја опишав мојата состојба, а таа ме исмеа. Буквално ми се изнасмеа во лице. Тогаш сфатив колку не сум и важен.

6. Кога мажот сфаќа дека таа не верува во неговите соништа

Пред 5 години и кажав дека сакам да си одам од војска и да станам доктор. Таа е научник, но се однесува како тоа да е најсмешната работа која ја слушнала. Замислете да истражувате и да се трудите да постигнете нешто, а тогаш саканата личност да ви се изнасмее со неверување. Пред 4 недели отворив медицинска школа. Сигурно ќе биде изненадена ако ме изгугла.

7. Индиферентност кон изневерувањето

Пред неколку месеци престанаа да ме погодуваат нејзините изневерувања. Бесот исчезна и тогаш конечно разбрав дека е готово. Сега можам да го планирам разводот.

8. Кога на прво место се децата

Мојата жена и јас се сложувавме супер, но со тек на време нејзиниот однос со мојата ќерка од минатиот брак (која живееше со нас) стануваше се полош и полош. Се обидов да не ја кривам. Одев на советување, но таа ми велеше дека нешто не е во ред со мене. Тогаш мојата ќерка и јас си заминавме од дома. Се надевав дека таа ќе се покае и предомисли, но тоа не се случи. Морав да го направам тоа што е исправно за моето дете.

Би можело да ве интересира:

11 работи кои мажите повеќе не ги прават, кога бракот ќе почне да се распаѓа Работи кои мажите повеќе не ги прават, кога бракот ќе почне да се распаѓа: Не ги...
„Таа имаше 3 пропаднати брака - со бизнисменот ѝ здодеа, со психијатарот не најде мир, но како најде... „Третиот брак ѝ беше со психијатар. Залудно сè, ако нема мир. Зошто да го плаќа ...
„Мислев дека отворениот брак е супер идеја, но сопругот се вљуби во неговата љубовница“ „Мислев дека луѓето можат да бидат вљубени во една личност, а да спијат со друга...
Животот во брак не е идеален, но без оглед на сè: „Се гледаме дома, љубов“ Животот со саканата личност не е онаков каков што многумина го замислуваат. Не с...
Сингл девојко, добар маж доаѓа - и кога ќе те најде, ќе му заблагодари на Бог што си чекала Ти си токму таа жена за која добар маж се моли. Tаков маж постои. Тој се моли за...
„Маж ми ме изнервира и си земав пауза од бракот“ „Само му реков: ‘Ми треба пауза од тебе. Инаку не сакам да бидам доведена во сит...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg