Не мора да кажете сè: 8 тајни кои ја прават врската поцврста

Тајните не се најдобар пријател на хармоничната и здрава врска, но понекогаш искреноста може да направи поголема штета.

ne-mora-da-kazete-se-8-tajni-koi-ja-pravat-vrskata-pocvrsta-01.jpg

Овие 8 тајни нема да ја нарушат хармонијата, туку само ќе ви помогнат да ги избегнете бесмислените кавги.

Кога треба да премолчите?

1. Кога неговиот пријател/нејзината пријателка е згоден/згодна - Ако тоа е повеќе од очигледно, нема потреба ниту да го повторувате, ниту пак да не ги одлепувате очите од него или неа.

2. Кога ќе му/и го пребарате бившиот партнер на социјалните мрежи - Нема да имате никаква полза ако признаете дека ве интересира што правела неговата бивша или нејзиниот бивши дечко.

3. Кога сте го доживеале најдобриот секс – Освен ако не е со сегашниот партнер, подобро е да премолчите.

4. Големата љубовна приказна која сте ја пропуштиле – Дечкото или девојката што некогаш го/ja откачивте сега изгледа како холивудска ѕвезда, има одлична работа и живее на висока нога? Нема потреба од навлегување во детали. Можеби ќе се запрашате како ќе ви изгледаше животот ако останевте со него/неа, но не мора тоа да биде на глас.

5. Ја мразите неговата омилена маица/нејзиниот омилен фустан – Оставете го другиот да ужива во тоа што го сака, не мора баш се да биде по ваше. И тоа е добра жртва.

6. Не поднесувате некој негов пријател/нејзина пријателка – Доколку немате некоја очигледна причина, подобро е да остане тајна.

7. Друг дечко/друга девојка ви го побара телефонскиот број – Ова е буквално како да барате партнерот да се посомнева во вашата верност. Освен ако не сакате да добиете љубоморни сцени, држете го јазикот зад заби.

8. Кога сте изглумиле оргазам – Зошто глумевте ако планиравте да му/и кажете?

Би можело да ве интересира:

15 тајни на брачните парови кои ретко се караат (применете ги веднаш) Не чекајте да настане проблем за да зборувате. Доволни се неколку искрени речени...
11 работи кои мажите повеќе не ги прават, кога бракот ќе почне да се распаѓа Работи кои мажите повеќе не ги прават, кога бракот ќе почне да се распаѓа: Не ги...
Како да познаете лош (или насилен) партнер уште во првите шест месеци од врската? „Ако има навика да ве грабне за рака и да ве повлече силно кога сака да го следи...
„Маж ми ме изнервира и си земав пауза од бракот“ „Само му реков: ‘Ми треба пауза од тебе. Инаку не сакам да бидам доведена во сит...
„Таа имаше 3 пропаднати брака - со бизнисменот ѝ здодеа, со психијатарот не најде мир, но како најде... „Третиот брак ѝ беше со психијатар. Залудно сè, ако нема мир. Зошто да го плаќа ...
Експерт за врски од Србија: „Зошто мажите изневеруваат и во среќни бракови + Зошто жените први остав... „Мажот изневерува затоа што тој има потреба од поинаква верзија на себеси во нек...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg