Колку години има идеалната жена според мажите?

Секој од нас би сакал да биде посакуван од спротивниот пол, затоа толку и се стремиме кон совршенството. Би се рекло дека идеалите се различни за секој, но фактите кажуваат нешто поинакво, барем кога е машкиот избор во прашање.

kolku-godini-ima-idealnata-zena-spored-mazite-01

Ако прашате некој маж на 50 години да ви ја опише девојката која би сакал да ја ожени, веројатно ќе опише девојка која е двојно помлада од него. Додека, ако истото прашање го поставите на момче од 20 години веројатно ќе избере повозрасна девојка. Судејќи по тоа, припадниците на посилниот пол секогаш бираат жени помеѓу 20 и 30 години.

Едно истражување покажало дека повеќето мажи, колку и да имаат години, како своја идеална партнерка секогаш замислуваат жени во средните дваесетти години.

Шансите за тоа се добри ако сте славна личност како Бред Пит. Но, ако не сте познати , тогаш шансите за тоа се значајно намалени и веројатно ќе најдете партнер на слични години со вас.

Жените се поумерени во тоа прашање и бараат партнери на свои години или малку постари.

Студијата е спроведена на 12.500 мажи и просекот кој можел да се забележи најчесто е 24 и 25 години без оглед на тоа колку е мажот стар.

Како една од главните причини за овој резултат испитаниците го наведувале тоа што жените во тие години се најподобни за да обезбедат потомство.

kolku-godini-ima-idealnata-zena-spored-mazite-1.jpg

Жените од друга страна се поинаку програмирани. Една друга студија покажала дека жените  се најпривлечни мажите кои се приближно на нивни години.

Најголемата разлика во години кај нив се забележува во тинејџерските години или во раните дваесетти.

Жените прават вакви избори затоа што малку постариот маж им овозможува поголема сигурност од помладите, додека многу постари и покрај тоа што имаат повеќе пари, сепак влеваат несигурност бидејќи може порано да умрат.

Би можело да ве интересира:

„Има жени што го живеат својот рокенрол - со нив никогаш не знаеш на што си“ „Има жени што го живеат својот рокенрол. Колку и да го има сè помалку во светот,...
„Маж ми ме изнервира и си земав пауза од бракот“ „Само му реков: ‘Ми треба пауза од тебе. Инаку не сакам да бидам доведена во сит...
Сингл девојко, добар маж доаѓа - и кога ќе те најде, ќе му заблагодари на Бог што си чекала Ти си токму таа жена за која добар маж се моли. Tаков маж постои. Тој се моли за...
11 работи кои мажите повеќе не ги прават, кога бракот ќе почне да се распаѓа Работи кои мажите повеќе не ги прават, кога бракот ќе почне да се распаѓа: Не ги...
Како да познаете лош (или насилен) партнер уште во првите шест месеци од врската? „Ако има навика да ве грабне за рака и да ве повлече силно кога сака да го следи...
„Тим билдинг е еднакво на разврат - оженети мажи и омажени жени со афери по хотели“ „Тим билдинг е еднакво на разврат. Женети мажи и мажени жени се развлекуваат по ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg