Љубовни лекции кои пропуштивте да ги научите

Кои сте? Кои се вашите вредности? Што сакате? Дали би си се допаднале сами на себе? Во каква врска се гледате себеси?

lekcii-za-ljubovta-koi-propustivte-da-gi-naucite-01

Ако не знаете основни работи за себе, како ќе се претставите на некој друг? Се чини дека секогаш знаеме многу повеќе за другите отколку за самите себе.

Токму ова се 5-те лекции кои низ годините многу пати требаше да ги научите, но сепак некако ги пропуштивте.

1. Венчајте се со најдобриот/та пријател/ка

Запрашајте се дали остатокот од животот би сакале да го поминете со најдобриот пријател кој ве разбира или со некој што сте го запознале на шанк. Одговорот ќе ви каже сè.


2. Компатибилноста е клучот

Слушајте како ви зборува за семејството. Посебно за вашата мајка. Можеби ова звучи ужасно, но може многу да ви каже за вашиот иден партнер.

Дали неговата фамилија е во близина, а сепак не се гледаат често? Голем знак: Стоп! Оној кој не е во добри односи со најблиската фамилија, наскоро нема да биде ниту со вас.

lekcii-za-ljubovta-koi-propustivte-da-gi-naucite-1

3. Држете се подалеку од лажговци

Луѓето може да ги процените по тоа како изгледаат, што прават и што зборуваат. Ако не е таму каде што сте се договориле, не го прави она што го кажува или било која друга „ситна лага“, предупредува на лоша личност.

Следете ги инстинктите. Ако ги игнорирате, наскоро може да не функционираат, но лагите ќе останат.



4. Луѓето сакаат да играат игри

По правило, луѓето играат игри на почетокот од врската. Таа игра се нарекува „Ќе бидам сè што сакаш да бидам“.

За да откриете каква е некоја личност навистина ќе ви требаат многу години. Старо правило од бабите е: „Немој да се венчаш со некој со кој не си ги поминал сите годишни времиња“.

Дури кога ќе видите како некој се однесува за родендени, Нова година, летен одмор и други празници и значајни моменти, тогаш може да го процените неговиот карактер.

Она што се случува меѓу вас во изолирани услови, не е секогаш она што се случува во сите ситуации.



5. Секогаш вклучувајте ја логиката

Често се кажува како срцето и мозокот немаат ништо заедничко, но врската би требало да соодветствува на вашиот животен стил или да го подобри.

Не се согласувајте на ништо што ве омаловажува, понижува или што било слично само затоа што мислите дека треба да го слушате срцето. Не го заборавајте разумот целосно.

lekcii-za-ljubovta-koi-propustivte-da-gi-naucite-2

Би можело да ве интересира:

Што сакаат мажите постари од 40 години во сексот? (18+) Мажите над 40 години признаваат дека ги возбудува кога жената ќе облече нешто од...
„Вљубена сум во шефот - како да го натерам да ги остави сопругата и децата и да биде со мене?“ „Знам дека е глупаво да започнеш врска со оженет маж, но тој вели дека сака да ј...
Упатство за жени: Како да сакате маж? Правило за помнење: Во некоја ситуација тој ќе се однесува несоодветно, ќе биде ...
„Порано пред секс го гасев светлото, но повеќе не се срамам од своето тело - како ми помогна сопруго... „Сликата за моето тело што ја имав во главата, влијаеше лошо на мојот сексуален ...
4 мали лоши навики што создаваат големи проблеми во бракот Дали кога ќе си дојдете од работа, ја фрлате облеката на подот и чекате партнеро...
„По трауматичното детство и загубата на синот станав зависничка од секс – Како се чувствував секојпа... „Она што беше различно кај мене беше тоа што јас не го користев сексот за задово...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg