Момци, слушајте го погледот на жената кога ви зборува!

Во секоја врска партнерите знаат да се разберат без зборови, но жените во таа техника се повеќе упатени од мажите.

momci-slusajte-go-pogledot-na-zenata-koga-vi-zboruva-1

Доколку го набљудувате погледот на жената тој ќе ви каже сè. Како таа се чувствува, што сака да ви каже и дали воопшто сака да биде со вас.

Ова се неколку од погледите кои ги издаваат жените во секоја ситуација.

Поглед – Те посакувам

Долго, нежно гледање во вашите очи, проследено со нивен сјај кој најверојатно ќе го забележите, играње со косата и допирање се доволни знаци за жената да ви каже дека ве посакува без зборови.


Поглед – Го видов тоа!

Покрај вас поминала убава девојка која не сте се воздржале, а да не ја измерите од глава до пети. Девојките секогаш забележуваат кога нивното момче го прави тоа, па макар и да се гледаат на сосема различна страна во моментот.

Подоцна не се изненадувајте од вештачката насмевка и лутиот поглед кој знаете на што се должи.


Поглед – Тажна сум

Кога вашата девојка е тажна вие ќе забележите дека нешто не е во ред. Погледот упатен кон земјата најчесто значи дека понежниот пол е разочаран, тажен или не се чувствува добро. Во вакви случаеви прегрнете ја и ништо не прашувајте.


Поглед – Замолчи!

Овој поглед ќе го добиете доколку жената очекува вие да прикриете некоја информација пред вашите пријатели или пак доколку сте ја изнервирале со некој гест и сака веднаш да престанете да комуницирате со неа.

Таа едноставно тоа ќе го направи со директен поглед и секундарно оттргнување на истиот кој е знак дека не сака да ве слуша повеќе.

momci-slusajte-go-pogledot-na-zenata-koga-vi-zboruva-2

Поглед – Ќе се разбереме подоцна

Во друштво сте кажале нешто кое требало да остане приватност. Жената нема да ви рече во моментот, но ќе разберете дека погледот што ќе ви го упати значи – ќе се разбереме подоцна, на само.


Поглед – Те сакам!

Погледот кој очекува да го добие секој вљубен маж од својата сакана. Овој поглед не може да се опише со зборови, може да се почувствува со срцето.

Момци, кој од погледите го препознавте кај својата девојка?

Би можело да ве интересира:

„Таа имаше 3 пропаднати брака - со бизнисменот ѝ здодеа, со психијатарот не најде мир, но како најде... „Третиот брак ѝ беше со психијатар. Залудно сè, ако нема мир. Зошто да го плаќа ...
Како да познаете лош (или насилен) партнер уште во првите шест месеци од врската? „Ако има навика да ве грабне за рака и да ве повлече силно кога сака да го следи...
Сингл девојко, добар маж доаѓа - и кога ќе те најде, ќе му заблагодари на Бог што си чекала Ти си токму таа жена за која добар маж се моли. Tаков маж постои. Тој се моли за...
„Мечкина прегратка“ - Хит поза за водење љубов за паровите кои сакаат врвна интимност и страст Доколку сакате блискост и интимност при водењето љубов, тогаш ќе ви се допадне п...
Експерт за врски од Србија: „Зошто мажите изневеруваат и во среќни бракови + Зошто жените први остав... „Мажот изневерува затоа што тој има потреба од поинаква верзија на себеси во нек...
„Не пробувајте да бидете порно ѕвезда“ – Интимни совети кои можеби ќе сакате да сте ги слушнеле пора... „Сексуалната некомпатибилност е вистинска – љубовен јазик, движења, нивоа на агр...

Најчитани неделава