7 Најголеми заблуди за „среќните парови“

Сигурно гледате многу среќни парови и им завидувате дека се во прекрасна врска. Верувате во сите тие заблуди за совршени љубовни односи поради кои може да ги загрозите односите со вашиот партнер.

7-najgolemi-zabludi-na-sreknite-parovi-01

Но, сте се запрашале ли колку од сето тоа е вистина и како им успева? Ако само за момент се ставите на нивно место и се сетите на вашиот сегашен или поранешен партнер, ќе сфатите дека и вие имавте среќни и помалку среќни моменти.

Сепак, и понатаму верувате во некои заблуди на „среќните парови“ кои ги гледате наоколу.

1. Заблуда: Среќните парови можат да си видат во очите сè што сакаат да си кажат.

Реалност: Не можете да го набљудувате партнерот и да донесувате заклучоци според вас, бидејќи сте различни личности. Се разликувате и психички и физички и генетски.


2.
Заблуда:
Среќните парови секогаш имаат романтични моменти.

Реалност: Не. Тоа се вика заљубеност и таа поминува. Романтиката е убава и пријатна, но не ја одржува врската.

7-najgolemi-zabludi-na-sreknite-parovi-1.jpg

3. Заблуда: Среќните парови не се караат

Реалност: Кавгите и конфликтите се составен дел од животот и тоа е сосем нормална појава во секоја врска. Дури кавгата понекогаш може и да ви помогне за да се ослободите од тензијата и сите негативни работи, но и да го развиете чувството на мир и доверба меѓу себе.


4.
Заблуда:
Среќните парови си го кажуваат она што го мислат еден за друг

Реалност: Убаво е кога нема тајни меѓу партнерите, но ако кажете нешто во афект може и да си го нарушите односот.

7-najgolemi-zabludi-na-sreknite-parovi-3.jpg

5. Заблуда: Сексот нема врска со среќната врска

Реалност: Ако сакате добар секс во врската, потребно е да имате изграден здрав однос со партнерот. Добриот секс е важен, бидејќи тогаш сте блиски, опуштени и поврзани со партнерот. Сексот нека ви биде на листата на приоритети.


6.
Заблуда: Меѓу среќните партнери секогаш владее хармонија

Реалност: Сосема е нормално да не бидете секогаш исто расположени. Во врската најважен е договорот и компромисот.


7.
Заблуда:
Среќните парови точно знаат што треба да направат за врската да им биде уште подобра

Реалност: Она што е единствено важно и правилно е да ја градите постепено врската и да се вложувате во неа.

7-najgolemi-zabludi-na-sreknite-parovi-2.jpg

Би можело да ве интересира:

11 работи кои мажите повеќе не ги прават, кога бракот ќе почне да се распаѓа Работи кои мажите повеќе не ги прават, кога бракот ќе почне да се распаѓа: Не ги...
Експерт за врски од Србија: „Зошто мажите изневеруваат и во среќни бракови + Зошто жените први остав... „Мажот изневерува затоа што тој има потреба од поинаква верзија на себеси во нек...
15 тајни на брачните парови кои ретко се караат (применете ги веднаш) Не чекајте да настане проблем за да зборувате. Доволни се неколку искрени речени...
Како да познаете лош (или насилен) партнер уште во првите шест месеци од врската? „Ако има навика да ве грабне за рака и да ве повлече силно кога сака да го следи...
„Мислев дека отворениот брак е супер идеја, но сопругот се вљуби во неговата љубовница“ „Мислев дека луѓето можат да бидат вљубени во една личност, а да спијат со друга...
„Мечкина прегратка“ - Хит поза за водење љубов за паровите кои сакаат врвна интимност и страст Доколку сакате блискост и интимност при водењето љубов, тогаш ќе ви се допадне п...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg