Корисно упатство за ракување со пенисот

Речиси секој маж мисли дека правилно го „користи“ својот полов орган и соодветно се грижи за неговото здравје. Но, 90% од мажите се во заблуда.

korisno-upatstvo-za-rakuvanje-so-penisot-01.jpg

За да го одржите пенисот здрав и функционален, потребно е секогаш да биде во добра форма. Да, вистина е дека треба да се потрудите малку повеќе од вообичаено, но вреди да пробате.

Дали да заспиете веднаш по секс или мастурбација?

Многу мажи уживаат во сонот веднаш по сексот. За среќа, стручните лица тврдат дека тоа е добро за машкиот полов орган. Сега конечно можете да и објасните на партнерката дека тоа е здраво и дека ви е потребен одмор како би биле функционални и понатаму.

Мажите во сон имаат помеѓу 3 и 5 ерекции, заради што еректилното ткиво станува пофлексибилно. А, тоа многу ќе ви помогне во подоцнежните години.

Оставете ги цигарите

Престанете да пушите пред вашиот пенис да откаже. Познато е дека пушењето е прва причина за импотенција, а некои истражувања тврдат дека цигарите влијаат и на големината на ерекцијата.

Освен што пушењето ги оштетува крвните садови, може да предизвика самото ткиво на пенисот да стане помалку еластично. Токму затоа, докажано е дека пушачите имаат значително помал полов орган.

Внимателно со тврди предмети

Само едно погрешно движење е доволно за да ги оштетите еректилните комори. Ако дојде до повреда, неопходна е операција во рок од 24 часа за да не дојде до внатрешно крварење кое може да предизвика посериозни оштетувања.

Според некои податоци, повеќе од 1/3 од мажите кои имаат проблем со ерекцијата, најчесто имаат претрпено поголеми повреди.

За да се заштитите треба да внимавате дури и на позата во која имате секс, затоа што карличната коска на жените е прилично тврда.

korisno-upatstvo-za-rakuvanje-so-penisot-02.jpg

Шетајте почесто

Без оглед на лошото расположение или мрзеливоста, шетајте. Едно истражување покажало дека мажите кои шетаат секој ден барем по 1 час имаат многу подобра ерекција од мажите кои постојано се во седечка положба.

20 минути трчање или 30 минутен тренинг со тегови исто така е одлична замена за шетањето.

Грижа за здравјето

Одржувањето на шеќерот во крвта под контрола не само што ќе ве одржи здрави, туку и сексуално активни.

Повеќе од 50% од мажите кои патат од дијабетес се импотентни. Дијабетесот го забрзува појавувањето на артериски болести, што придонесува до уште поголеми проблеми со ерекцијата.

Би можело да ве интересира:

11 работи кои мажите повеќе не ги прават, кога бракот ќе почне да се распаѓа Работи кои мажите повеќе не ги прават, кога бракот ќе почне да се распаѓа: Не ги...
Експерт за врски од Србија: „Зошто мажите изневеруваат и во среќни бракови + Зошто жените први остав... „Мажот изневерува затоа што тој има потреба од поинаква верзија на себеси во нек...
„Мечкина прегратка“ - Хит поза за водење љубов за паровите кои сакаат врвна интимност и страст Доколку сакате блискост и интимност при водењето љубов, тогаш ќе ви се допадне п...
Наш психолог за разводите во Македонија: „Мажите копнеат по ‘изумрен тип’ на жени, жените први бара... „ПАТРИЈАРХАЛНАТА жена која живее во функција на потребите на мажот е речиси мртв...
9 (добри) навики на мажите кои без проблем освојуваат жени Вистинскиот маж знае да ѝ каже на жената: „Те разбирам, и јас би се чувствувал т...
„Со партнерот 30 дена водевме љубов двапати дневно - Што се случи со нашиот однос?“ „Започнавме со играта „странци во бар“. Се преправавме дека не се познаваме, а з...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg