Зошто жените остануваат со лошите момци: Мислат дека не можат подобро, или дека ќе успеат да ги променат?

Нема ништо лошо во тоа жената да е слободна и сама, но на некои тоа им претставува проблем. Некои жени сметаат дека помалку вредат и дека не можат да живеат без постојано присуство на маж во нивниот живот.

zosto-zenite-ostanuvaat-so-losite-momci-mislat-deka-ne-mozat-podobro-ili-deka-ke-uspeat-da-gi-promenat-01

Сите прават грешки во љубовта, но некои жени едноставно се привлечени од лошите момци и остануваат со нив, без разлика на она што го трпат.

За ваквата состојба постојат неколку причини:

1. Мислат дека не можат подобро

Постојат жени кои изгледаат среќно, задоволно и гордо, но всушност се многу несреќни. Со оглед на тоа што мислат дека не можат подобро од тоа што го имаат тие завршуваат со мажи кои знаат таквото нивно мислење да го искористат и злоупотребат.


2. Тој
ѝ дава нешто без кое таа не може

Пред сè, се мисли на парите. Ако жената се чувствува финансиски стабилна покрај мажот, ќе ги премолчи останатите работи кои тој ги прави.


3. Се плаши да биде сама

Не е страшно жената да е сама и слободна, но некои не сакаат да веруваат во тоа. Мислат дека се помалку вредни и дека ќе им биде многу тешко без мажите, па тогаш го наоѓаат првиот на кој ќе наидат.

zosto-zenite-ostanuvaat-so-losite-momci-mislat-deka-ne-mozat-podobro-ili-deka-ke-uspeat-da-gi-promenat-1.jpg

4. Мислат дека можат да го променат

Некои жени едноставно не можат да веруваат дека нивниот партнер е лош. Затоа, бараат причини за да се уверат себе дека не е сè така црно и дека можат да го променат на подобро.


5. Долго време се заедно

По некое време пеперутките во стомакот престануваат и потребно е повеќе труд во врската, отколку на почетокот. Но, многу често жените се трудат многу повеќе од мажите. Токму поради тоа, некои не сакаат да се откажат од врската која им се распаѓа пред очи за да не им биде залуден трудот.

Би можело да ве интересира:

„Има жени што го живеат својот рокенрол - со нив никогаш не знаеш на што си“ „Има жени што го живеат својот рокенрол. Колку и да го има сè помалку во светот,...
„Маж ми ме изнервира и си земав пауза од бракот“ „Само му реков: ‘Ми треба пауза од тебе. Инаку не сакам да бидам доведена во сит...
11 работи кои мажите повеќе не ги прават, кога бракот ќе почне да се распаѓа Работи кои мажите повеќе не ги прават, кога бракот ќе почне да се распаѓа: Не ги...
Животот во брак не е идеален, но без оглед на сè: „Се гледаме дома, љубов“ Животот со саканата личност не е онаков каков што многумина го замислуваат. Не с...
„Тим билдинг е еднакво на разврат - оженети мажи и омажени жени со афери по хотели“ „Тим билдинг е еднакво на разврат. Женети мажи и мажени жени се развлекуваат по ...
Сингл девојко, добар маж доаѓа - и кога ќе те најде, ќе му заблагодари на Бог што си чекала Ти си токму таа жена за која добар маж се моли. Tаков маж постои. Тој се моли за...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg