Женски одговори: Зошто останав во несреќна врска?

Дали некогаш сте се нашле во слепа уличка, каде не гледате излез од лошата врска во која моментално се наоѓате? Можеби затоа што не го ни барате...

zenski-odgovori-zosto-ostanav-vo-nesrekna-vrska-01.jpg

Зошто тогаш огромен број на жени се помируваат со несреќната врска во која се наоѓаат? Зошто немаат храброст да излезат од неа, да го напуштат партнерот и да започнат нешто ново?

Ова се едни од најискрените одговори:

1. Сакав да успеам

„Останав во нездрав однос затоа што не сакав да ме гледаат како неуспешна жена. Сакам да успеам на сите животни полиња и сакам другите да се гордеат со мене. Мислев дека ако повеќе се потрудам, повеќе простувам или повеќе трпам, на крајот сè ќе биде во ред. Ми требаше доста време да сфатам дека нема да успеам таму каде што не ми беше судено да успеам.“


2. Мислев дека лошите периоди ќе поминат

„Прекинот го одложував затоа што мислев дека лошите моменти ќе поминат. Бевме заедно 7 години. Давав 110% од себе во текот на последните 2, но тој не беше среќен. Тогаш морав да направам нешто за себе, за промена, и да си заминам. Само така двајцата добивме нова шанса за среќа.“


3. Го сакав толку силно што мислев дека мојата љубов ќе го промени

„Бев во нездрава врска многу подолго отколку што смеев, само затоа што верував дека мојата љубов ќе го промени, колку чудно и да звучи. Често го менуваше расположението, но мислев дека мојата поддршка и љубов ќе му бидат од голема помош. Сепак, ништо не беше доволно. Со тек на време сфатив дека морам да си заминам пред да се изгубам со некој кој никогаш не ме сакаше толку колку што јас го сакав него.“

zenski-odgovori-zosto-ostanav-vo-nesrekna-vrska-02.jpg

4. Се плашев

„Се плашев да си заминам. Се плашев од иднината, се плашев да бидам сама. Останав затоа што тој ме натера да се чувствувам чудно, како никој да нема да ме сака или трпи повеќе од него.“


5. Тој беше мојата прва љубов

„Тој негативен однос траеше 2 години подолго отколку што требаше, само затоа што тој беше мојата прва љубов. Беше прекрасен и шармантен, освен кога спиеше со други девојки. Дури и му верував повеќе од пријателите кои ми ги кажуваа работите директно во лице. Но, кога конечно го оставив, слободата доби ново значење.“

Колку од вас биле во нездрава врска? Зошто сте останале?

Би можело да ве интересира:

Како да познаете лош (или насилен) партнер уште во првите шест месеци од врската? „Ако има навика да ве грабне за рака и да ве повлече силно кога сака да го следи...
Животот во брак не е идеален, но без оглед на сè: „Се гледаме дома, љубов“ Животот со саканата личност не е онаков каков што многумина го замислуваат. Не с...
„Мислев дека отворениот брак е супер идеја, но сопругот се вљуби во неговата љубовница“ „Мислев дека луѓето можат да бидат вљубени во една личност, а да спијат со друга...
Сингл девојко, добар маж доаѓа - и кога ќе те најде, ќе му заблагодари на Бог што си чекала Ти си токму таа жена за која добар маж се моли. Tаков маж постои. Тој се моли за...
„Мечкина прегратка“ - Хит поза за водење љубов за паровите кои сакаат врвна интимност и страст Доколку сакате блискост и интимност при водењето љубов, тогаш ќе ви се допадне п...
„Избегнував да бидам интимен со мојата сопруга со години и тоа ни го уништи бракот“ „Нашиот брак главно беше среќен, но отсекогаш сум имал проблеми со интимноста. Ј...

Најчитани неделава