Ќе те сакам толку силно, што ќе те боли! Писмо од девојката со скршено срце

Дали некој некогаш ве повредил толку силно што ви го скршил срцето на милион парчиња кои сте мислеле дека никогаш повеќе нема да се вклопат?

ke-te-sakam-tolku-silno-sto-ke-te-boli-pismo-od-devojkata-so-skrseno-srce-001

Дали некогаш сте се запрашувале зошто и покрај тоа вие сè уште сте ја сакале таа личност?

Доколку одговорот е потврден, тогаш сигурно ќе се пронајдете во писмото на една девојка со скршено срце која се уште го сака момчето што ја повредило.

„Ќе те сакам. Ќе те сакам толку силно, што ќе те боли. Иако не си блиску, ќе чувствуваш. Ќе те сакам, толку силно што ќе плачеш, но нема да ти кажам, ќе се сетиш. Сам ќе си ги голташ солените солзи и ќе се сеќаваш.

Ќе те сакам и кога ќе мислиш дека не те сакам, кога секоја ноќ ќе се убедуваш дека те заборавив. Ќе те паметам, дури тогаш кога самиот ќе се заборавиш и повторно ќе почувствуваш дека те сакам, сè уште, никогаш и не престанав. Го знаеш тоа.

Ќе те сакам и кога самиот нема да се сакаш, а ќе се случи тоа. Ќе те сакам, но нема да ти се вратам, повеќе никогаш. Ниту на сон, а камоли на јаве. Бидејќи не заслужуваш!

Ниту еден мој поглед, а камоли бакнеж, не дај боже љубов која ја имаше на претек.

Сега ќе ја имаш само во твоите мисли и ќе ја чувствуваш со твоето срце, но никогаш повторно нема да ја дофатиш во прегратка, исто како што никогаш повеќе нема да ме дофатиш во прегратка ниту мене.

Те сакам”.

Би можело да ве интересира:

„Има жени што го живеат својот рокенрол - со нив никогаш не знаеш на што си“ „Има жени што го живеат својот рокенрол. Колку и да го има сè помалку во светот,...
„Мечкина прегратка“ - Хит поза за водење љубов за паровите кои сакаат врвна интимност и страст Доколку сакате блискост и интимност при водењето љубов, тогаш ќе ви се допадне п...
„Избегнував да бидам интимен со мојата сопруга со години и тоа ни го уништи бракот“ „Нашиот брак главно беше среќен, но отсекогаш сум имал проблеми со интимноста. Ј...
Психотерапевтот Стојан Мишиќ вели: „Само покрај жената, љубовницата има смисла - кога ќе ја снема же... „Од љубовницата мажот добива признание дека е алфа, но оној момент кога ќе прест...
Порака до моите бивши: „Ви благодарам што ме скршивте до точка од која сфатив - заслужувам подобро“ „Преживеав непочитување, ги игнорирав црвените знаци и се убедував себеси дека љ...
Ниту еден брак не е совршен, без разлика колку убаво изгледаат фотографиите Ниту еден брак не е совршен, без разлика колку убаво изгледаат фотографиите, кол...

Најчитани неделава