8 работи кои ги палат мажите, а немаат врска со секс

Сте слушнале за љубовна ерекција? Тоа е чувството кое го доживуваат само мажите кои се вистински вљубени во своите партнерки.

8-raboti-koi-gi-palat-mazite-a-nemaat-vrska-so-seks-01.jpg

Љубовната ерекција настанува во најмалку 8 ситуации кои немаат поврзаност со секс, но ги прават девојките и жените неодоливо секси:

1. Кога ќе дојде дома и ќе го пречека вкусна и обилна вечера

Сигурно многу пати до сега сте ја слушнале реченицата „љубовта доаѓа преку стомакот,“ но никако да поверувате. Наречете ја оваа ситуација банална или површна, но кога еднаш ќе ја пробате ќе сфатите колку тој ја цени.


2. Кога во раката држите бебе

Иако не планирате семејство и тој се плаши секој пат кога менструацијата ви доцни, има нешто посебно во погледот на неговата девојка со бебе во рацете. На овој начин се будат нежни и потполно нови емоции кои ниту еден маж не може да ги објасни.


3. Кога е болен, а вие му носите супи и чајче во кревет

Мажите сакаат да се разгалени и третирани како деца, па настинката им е одличен начин да го искористат тоа. Затоа, кога следен пат ќе легне во кревет, подгответе му нешто вкусно, со многу љубов.


4. Кога ќе му подарите нешто без повод

Затоа што овој гест значи дека мислите на него. Подарокот за роденденот или годишнината беше супер, но многу му е помила ситницата која му ја купивте додека случајно шетавте.


5. Кога готвите заедно

Речиси е невозможно да готвите и јадете заедно, а тоа да не се претвори во романтична вечера. Ако сакате дополнителна акција, облечете нешто провокативно. Нема да се одлепи од вас!


6. Кога имате војна со скокоткање

Секој пар ја има оваа „боречка вештина“ која изгледа многу подобро отколку што мислите. Смеењето и валкањето низ кревет е многу привлечнa комбинација, барем за посилниот пол.


7. Кога спиете на неговите гради

Може и не е најудобно, но за него ова е вистинско задоволство. Има нешто посебно во будењето со вашата глава на неговите гради.


8. Кога ќе му оставите симпатична порака

Колку и да се обидува да биде силен маж кој не паѓа на нежни зборови, доволна е една симпатична порака за неговото „челично срце“ да се растопи.

Би можело да ве интересира:

11 работи кои мажите повеќе не ги прават, кога бракот ќе почне да се распаѓа Работи кои мажите повеќе не ги прават, кога бракот ќе почне да се распаѓа: Не ги...
Експерт за врски од Србија: „Зошто мажите изневеруваат и во среќни бракови + Зошто жените први остав... „Мажот изневерува затоа што тој има потреба од поинаква верзија на себеси во нек...
Сингл девојко, добар маж доаѓа - и кога ќе те најде, ќе му заблагодари на Бог што си чекала Ти си токму таа жена за која добар маж се моли. Tаков маж постои. Тој се моли за...
Наш психолог за разводите во Македонија: „Мажите копнеат по ‘изумрен тип’ на жени, жените први бара... „ПАТРИЈАРХАЛНАТА жена која живее во функција на потребите на мажот е речиси мртв...
9 (добри) навики на мажите кои без проблем освојуваат жени Вистинскиот маж знае да ѝ каже на жената: „Те разбирам, и јас би се чувствувал т...
Порака до моите бивши: „Ви благодарам што ме скршивте до точка од која сфатив - заслужувам подобро“ „Преживеав непочитување, ги игнорирав црвените знаци и се убедував себеси дека љ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg