Неколку парови кои ќе ги сретнете во 20-тите години

На забава или во кафуле, нема да можете да избегате од овие двојки кога ќе навлезете во 20-тите години.

nekolku-parovi-koi-kje-gi-sretnete-vo-20-tite-godini-01.jpg

Можеби и вие сте имале некоја ваква врска, но сепак колку и да ви изгледаат чудно, овие парови сепак функционираат:


Заедно од средношколските денови

Изгледаат како да се во брак, но тие израснале заедно и нивната врска е прерасната во некоја навика, па тешко им оди еден без друг. Знаат сѐ за себе и често ве окупираат со лоши муабети, поради недостиг од забава.


Големите инаетчии

Секогаш се караат за ситници, но некако успеваат да ја задржат својата врска, иако сите се чудат како е тоа можно. Кога треба да одите некаде, обично тие на пола ноќ се губат и веројатно одат дома скарани.


Никогаш заедно во јавност

Од некоја чудна причина вие никогаш не сте ги виделе заедно во јавност. Оваа двојка живее заедно, во врска се со години, а партнерот или партнерката ја чуваат во мистерија.


Двојка за сабота вечер

Доаѓа викенд и тие се заедно... сѐ до недела вечер кога решаваат засекогаш да стават крај на нивното гледање бидејќи не им оди. Но, потоа повторно доаѓа викенд и тие се среќната двојка во друштво.


Креативната двојка

Тие секогаш имаат стратегија и план за нешто ново. Секогаш се во тек со сите настани, а на Фејсбук имаат креативни, заеднички фотографии од плажа, планина и изгледаат како создадени еден за друг. Но, веројатно тоа нема да потрае...


Заедно се, а и не се

Овие двајца се како расипана светилка, еднаш се вклучува, друг пат не. Никој не знае дали раскинале или повторно се смириле. Сите ги знаат нивните проблеми и често кавгите ги решаваат пред пријателите.


Колку од овие парови познавате?

Би можело да ве интересира:

Како да познаете лош (или насилен) партнер уште во првите шест месеци од врската? „Ако има навика да ве грабне за рака и да ве повлече силно кога сака да го следи...
„Мислев дека отворениот брак е супер идеја, но сопругот се вљуби во неговата љубовница“ „Мислев дека луѓето можат да бидат вљубени во една личност, а да спијат со друга...
„Избегнував да бидам интимен со мојата сопруга со години и тоа ни го уништи бракот“ „Нашиот брак главно беше среќен, но отсекогаш сум имал проблеми со интимноста. Ј...
Наш психолог за разводите во Македонија: „Мажите копнеат по ‘изумрен тип’ на жени, жените први бара... „ПАТРИЈАРХАЛНАТА жена која живее во функција на потребите на мажот е речиси мртв...
Жени кои биле во врска со богати мажи споделуваат искуства: „Сите мислат дека сум со него поради пар... „Мојот претходен дечко потекнуваше од богато семејство и беше многу мрзелив, себ...
„Си фатив 15 години помлад дечко - очекував експлозија од возбуда, но чинот ме разочара“ „Тој се бореше да ја одржи ерекцијата, а јас се чувствував засрамено, прашувајќи...

Најчитани неделава