10 знаци кои откриваат дека е заинтересиран само за секс

Неретко жените знаат да ги помешаат сигналите или да не ги прочитаат доволно добро, па залудно мислат дека се во љубовна врска која има иднина, додека тој мисли само на секс.

10-znaci-koi-otkrivaat-deka-e-zainteresiran-samo-za-seks-01.jpg

За да не се доведете до непријатна ситуација, проверете ги овие 10 сигнали и откријте дали сте во секс авантура или љубовна врска:

1. Добивате пораки само после полноќ

Првиот индикатор кој не смее да го игнорирате. Во 1 после полноќ сигурно не сака да одите на вечера.


2. Станува нервозен кога сакате само да гледате филм

Нема ништо страшно во тоа да му ја тргнете раката од вашата нога ако не сте расположени за секс, но треба внимателно да ја следите неговата реакција.


3. Никогаш не сте ги запознале неговите пријатели

Што помалку информации знаете за него, толку полесно ќе му биде да исчезне, имајте го тоа на ум.


4. Никогаш не ви дозволува да преспиете

Можеби не ви кажал директно дека мора да си одите, но постојано има обврски следниот ден. Свесни сте дека тоа е невозможно, така?


5. Се грижи да не заборавите нешто кај него

Ако паничи за секоја шнола или оставено лабело, ситуацијата е повеќе од јасна.


6. Секогаш е зафатен кога му испраќате емотивни пораки

Ако покрај вашата порака нема секси слика или најава, веројатно ќе го нема со часови. Мажите кои сакаат само секс не се ни обидуваат да глумат ваши момчиња.


7. Сè што ви подарил има врска со секс

Кога последен пат ви рекол „имам изненадување“, а тоа да не биде тесно поврзано со неговите сексуални фантазии?


8. Ве вика на состанок, но некако магично секогаш завршувате кај него дома

Во последен момент се предомислува, нешто му се случува или едноставно во локалот нема место? Проверете пред да наседнете.


9. Иницира секс секој пат кога сте заедно

Многу лесно се препознава мажот кој ужива додека има секс со вас и оној кој сака да има САМО секс со вас.


10. Кога доаѓа кај вас, прво влегува во спалната

Ова ја намалува секоја шанса за разговор и квалитетно поминато време, затоа добро размислете уште колку долго ќе ви одговара оваа „врска.“

Би можело да ве интересира:

Како да познаете лош (или насилен) партнер уште во првите шест месеци од врската? „Ако има навика да ве грабне за рака и да ве повлече силно кога сака да го следи...
11 работи кои мажите повеќе не ги прават, кога бракот ќе почне да се распаѓа Работи кои мажите повеќе не ги прават, кога бракот ќе почне да се распаѓа: Не ги...
„Мислев дека отворениот брак е супер идеја, но сопругот се вљуби во неговата љубовница“ „Мислев дека луѓето можат да бидат вљубени во една личност, а да спијат со друга...
Експерт за врски од Србија: „Зошто мажите изневеруваат и во среќни бракови + Зошто жените први остав... „Мажот изневерува затоа што тој има потреба од поинаква верзија на себеси во нек...
„Мечкина прегратка“ - Хит поза за водење љубов за паровите кои сакаат врвна интимност и страст Доколку сакате блискост и интимност при водењето љубов, тогаш ќе ви се допадне п...
Сингл девојко, добар маж доаѓа - и кога ќе те најде, ќе му заблагодари на Бог што си чекала Ти си токму таа жена за која добар маж се моли. Tаков маж постои. Тој се моли за...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg