Те молам, третирај ме како да не сум твоја

Знам, ти досадив. И ти мене. Некако, тоа така си доаѓа, изгледа со годините. Но, глупаво е да наседнеме на вакво клише, затоа што секој друг е нов извесно време. После здосадува.

te-molam-tretiraj-me-kako-da-ne-sum-tvoja-02.jpg

Ти знаеш дека си мој, јас знам дека сум твоја, без оглед на се.

Сега, оние советите како да ја освежиме врската и да внесеме возбуда, ми немаат смисла. И тоа е клише.

Може да бидеме малку покреативни. Ако блискоста ни е сигурна, тогаш може да си поиграме.

Замисли да не сум твоја. Врати се во времето кога прв пат ме виде. Кога прв пат едвај чекаше да ме сретнеш низ градов.

Од тогаш, сигурно не си посакал толку силно повторно да сум твоја. Ме припитоми, или се припитомивме, па се смиривме. И сега сме наши. И тоа е добар знак, но само сети се.

Или уште подобро, сети се колку те возбудував кога бев негова. Кога мислеше дека никогаш нема да бидам твоја, а која едвај чекаше да ме бакнеш, како мало дете.

Сериозно, може да си играме. Да закажеме состанок, па да се преправаме како прв пат да се сретнуваме. Јас сум во состојба да заборавам дека сум твоја. Верувам и ти.

Од време - на време забораваш, па контактираш со девојки кои го прават истото, затоа што се нови. Ова ти го кажувам само затоа што го знам, опушти се.

Сè што мислиш дека криеш, само мислиш, затоа што јас ти дозволив така. Затоа што ми е помирно, поудобно.

Гледаш дека знам како се чувствуваш. Затоа ти предлагам да се изгубиме на кратко, пред повторно да се пронајдеме. Колку да внесеме малку промена во рутината.

Да се сетиме колку ни беше убаво. Да видиме дали навистина има причина заради која се расправаме. Да се сетам заради што посака да бидам твоја.

Еве, љубопитна сум. Само ме интересира дали и ти би пробал?

Знаеш, кога си мислам, по некој напорен и досаден период, кога посебно ми одиш на нерви и кога попрво би те изневерила чисто од бес, сепак повторно те одбирам тебе.

Задоволна сум што сум твоја. И нема да дозволам да западнеме во замките на другите врски.

Само те молам, почни да ме третираш како туѓа.

te-molam-tretiraj-me-kako-da-ne-sum-tvoja-01.jpg

Би можело да ве интересира:

„Мислев дека отворениот брак е супер идеја, но сопругот се вљуби во неговата љубовница“ „Мислев дека луѓето можат да бидат вљубени во една личност, а да спијат со друга...
Сингл девојко, добар маж доаѓа - и кога ќе те најде, ќе му заблагодари на Бог што си чекала Ти си токму таа жена за која добар маж се моли. Tаков маж постои. Тој се моли за...
15 тајни на брачните парови кои ретко се караат (применете ги веднаш) Не чекајте да настане проблем за да зборувате. Доволни се неколку искрени речени...
„Има жени што го живеат својот рокенрол - со нив никогаш не знаеш на што си“ „Има жени што го живеат својот рокенрол. Колку и да го има сè помалку во светот,...
Жени кои биле во врска со богати мажи споделуваат искуства: „Сите мислат дека сум со него поради пар... „Мојот претходен дечко потекнуваше од богато семејство и беше многу мрзелив, себ...
Ноќта што промени сè: „Маж ми и јас се скаравме. Тргнав на породување, му ѕвонев 30 пати, не креваше... Беше тивка вечер, речиси обична. Ништо не навестуваше дека токму таа ноќ засеког...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg