5 Работи кои мажите никогаш не ги учат за сексот

Дали се сеќавате кога првпат видовте слика од гола жена? Кога за првпат ги дознавте деталите за половото созревање, менструалниот циклус, контрацепцијата и сексот?

5-raboti-koi-mazite-treb-da-gi-naucat-za-seksot-1

Мажите многу малку учат за сексот, а за да не учите на потешкиот начин, односно преку грешките за кои жените тешко дека ќе ви простат, погледнете што сѐ треба да знаете:

1. Позитивен поглед на сексот

Што значи да се биде позитивен во сексот? Не треба да мислите дека тоа е нешто заради кое треба да се срамите или задолжително да го имате. Сфатете на време дека и вие самите имате право да кажете „не” и да прифатите само тогаш кога сметате дека треба да кажете „да”.


2. Повеќе од два пола и една сексуална ориентација

Дури и ако во училиште ве учеле дека поделбата на машки и женски пол е стриктна, треба да го усвоите и поимот на транссексуалците. Во ред е ако некои луѓе не можат да се идентификуваат со полот кој го добиле на раѓање и нормално е, вас или некој во вашата околина, да не го привлекува спротивниот пол, туку било кој од двата.


3. Научите што е сигурен секс

За да бидете сигурни, секако дека не треба да апстинирате. Треба да научите како правилно да користите кондоми и како функционираат апчињата за контрацепција кај девојките. Постојат и други видови на заштити и форми на секс без пенетрација.


4. Репродуктивна едукација

Мажите треба да научат дека имаат право да одлучат што ќе прават со своето тело и дека одлуката околу фактот дали бременоста ќе биде прекината, зависи првенствено од личноста која затруднела.


5. Емоции и раскинување

Треба да се разбие митот дека мажите можат сѐ да поднесат и дека не смеат да покажуваат емоции. Фактот дека тие од врската бараат само едно е потполно грешен. Мажот мора да научи за сопствените емоции и што сѐ би можел да чувствува пред, во текот и после врската.

Би можело да ве интересира:

11 работи кои мажите повеќе не ги прават, кога бракот ќе почне да се распаѓа Работи кои мажите повеќе не ги прават, кога бракот ќе почне да се распаѓа: Не ги...
Експерт за врски од Србија: „Зошто мажите изневеруваат и во среќни бракови + Зошто жените први остав... „Мажот изневерува затоа што тој има потреба од поинаква верзија на себеси во нек...
„Мечкина прегратка“ - Хит поза за водење љубов за паровите кои сакаат врвна интимност и страст Доколку сакате блискост и интимност при водењето љубов, тогаш ќе ви се допадне п...
Наш психолог за разводите во Македонија: „Мажите копнеат по ‘изумрен тип’ на жени, жените први бара... „ПАТРИЈАРХАЛНАТА жена која живее во функција на потребите на мажот е речиси мртв...
9 (добри) навики на мажите кои без проблем освојуваат жени Вистинскиот маж знае да ѝ каже на жената: „Те разбирам, и јас би се чувствувал т...
„Со партнерот 30 дена водевме љубов двапати дневно - Што се случи со нашиот однос?“ „Започнавме со играта „странци во бар“. Се преправавме дека не се познаваме, а з...

Најчитани неделава