5 Женски сигнали кои мажите никако не ги разбираат

Машкиот и женскиот мозок функционираат по сосема различни принципи, па така жените често даваат знаци, кои мажите би требало без проблем да ги прочитаат, но реалноста е поинаква...

5-zneski-signali-koi-mazite-nikako-ne-gi-razbiraat-1

Не е тајна дека мажите воопшто не умеат да ги разберат жените и нивните сигнали, колку и да се трудат, сепак станува збор за начин на размислување кои помеѓу нив е различен.

Погледнете кои скриени пораки мажите не ги разбираат:

1. Жената ги користи зборовите за да испрати двосмислени пораки...

Таа мисли: Користам сугестивни зборови и флертувам со него, му давам до знаење дека го посакувам.

Тој мисли: Користи чудни зборови!

Мажите воопшто не ја забележуваат женската алузија, затоа што нивниот вокабулар е поразличен од оној кој жените го користат во комуникацијата. Тие бараат јасни сигнали, а сугестивните зборови нема да им помогнат да ја откријат намерата кај жената.


2. 
Жената се проѕева и глуми дека е уморна...

Таа мисли: Му давам до знаење дека ми е здодевно, но тоа го правам суптилно, за да не ги навредам луѓето околу мене.

Тој мисли: Сака да оди да спие, а јас ќе останам да се забавувам.

Мажите секогаш бараат практични решенија. Кога жената ќе им каже дека е уморна, тие така и ќе го сфатат тоа. Единствен начин е да им дадете до знаење дека не ви е забавно и сакате да одите на друго место.


3. 
Жената се обидува на безболен начин да ја прекине врската...

Таа мисли: Пристојна сум и внимавам како постапувам, а сепак јасно му дадов до знаење дека меѓу нас е готово.

Тој мисли: Уште е заинтересирана.

Раскинувањето никогаш не е едноставно. Затоа треба јасно да се кажат намерите и да не се остава лажна надеж. Конструкциите од видот „пауза” или „малку време да размислам”, можат да бидат погрешно сфатени од мажите, кои ќе сметаат дека сѐ уште имаат шанса.


4. 
Жената суптилно го допира...

Таа мисли: Флертувам со него и ја користам секоја прилика да го допрам.

Тој мисли: Тој всушност ништо не мисли.

Првите суптилни допири тој нема ни да ги забележи. Подоцна кога ќе сфати дека станува збор за флерт, тогаш ќе започне да обрнува внимание на допирите и на жената.


5. 
Жената молчи и гледа во друг правец...

Таа мисли: Лута сум и така ќе сфати дека нешто не е во ред

Тој мисли: Што е пак сега?

Молчењето на најсилното оружје кај жената, но всушност станува збор за лош начин на комуникација кој ниту еден маж не може да го разбере. Ако нешто не е во ред, за тоа треба да се зборува, а не да се дозволи ситуацијата да стане напната. 

Би можело да ве интересира:

„Таа имаше 3 пропаднати брака - со бизнисменот ѝ здодеа, со психијатарот не најде мир, но како најде... „Третиот брак ѝ беше со психијатар. Залудно сè, ако нема мир. Зошто да го плаќа ...
11 работи кои мажите повеќе не ги прават, кога бракот ќе почне да се распаѓа Работи кои мажите повеќе не ги прават, кога бракот ќе почне да се распаѓа: Не ги...
„Мислев дека отворениот брак е супер идеја, но сопругот се вљуби во неговата љубовница“ „Мислев дека луѓето можат да бидат вљубени во една личност, а да спијат со друга...
Жени кои биле во врска со богати мажи споделуваат искуства: „Сите мислат дека сум со него поради пар... „Мојот претходен дечко потекнуваше од богато семејство и беше многу мрзелив, себ...
Сингл девојко, добар маж доаѓа - и кога ќе те најде, ќе му заблагодари на Бог што си чекала Ти си токму таа жена за која добар маж се моли. Tаков маж постои. Тој се моли за...
Експерт за врски од Србија: „Зошто мажите изневеруваат и во среќни бракови + Зошто жените први остав... „Мажот изневерува затоа што тој има потреба од поинаква верзија на себеси во нек...

Најчитани неделава