10 Квалитети по кои ќе препознаете дека таа е Вистинската

Многу мажи се трудат да воспостават сериозна врска со некои жени, но постојано завршуваат во врска со некоја погрешна жена, па се разочаруваат и престануваат да се трудат околу останатите.  Но, за да ја најдат вистинската, треба да знаат кои се нејзините квалитети.

10-kvaliteti-koi-ja-pravat-da-bide-vistinskata-01

Секој има различен вкус и можеби не може секоја вистинска девојка да ги исполни сите критериуми. Но, ако барем еден дел од нив ги има, тогаш потрудете се малку повеќе и не ја испуштајте оваа девојка .

1. Вистинската жена нема да почне со соблекување

Ако ја запознаете преку пријатели и почнете да се допишувате, таа нема да ви прати фотографија од нејзиното деколте. Тоа не го сакате ни вие, ако имате поинаква намера. Таа ќе сака нешто повеќе од секс, па нема да ја започне врската со тоа, бидејќи знае дека тоа не е сè.


2. Сексот нема да се случи многу скоро

Денес сексот стана најобично нешто во врската, додека некогаш беше предизвик. Може некого да го знаеш и само неколку дена и веќе да имате секс. Но, ако сакате девојка со која ќе имате нешто повеќе заборавете на иницирањето секс барем во првите месец-два, бидејќи вистинската нема да се предаде најинтимно на некој што не го познава доволно.


3. Нема да ви досадува

Еден од знаците по кои ќе забележите дека таа е вистинската е по тоа што нема да имате потреба да побарате повеќе слобода или да ви треба простор. Таа е доволно паметна и знае дека нема потреба да ја потроши секоја минута во јавување, проверување каде сте или да ве принудува да ѝ зборувате. И таа има потреба за свој простор, кој нема намера да го преокупира со вас.

10-kvaliteti-koi-ja-pravat-da-bide-vistinskata-3.jpg

4. Таа е жена, а не девојка

Зрелоста игра голема улога во она што го бараш и наоѓаш кај некоја личност. Кога имаш 25 години иако одбираш 18-годишни девојки, има шанси да завршиш со девојче. Таа што има 18 законски е легална, но реално сè уште е во своето средно училиште и тинејџерските години. Неа може да ѝ бидеш интересен само затоа што си повозрасен. Ако ја бараш вистинска, одбери жена која нема да игра детски игри.


5. Таа нема да биде објавена на некоја веб-страница за запознавање

Првенствено, ако ја бараш вистинската сигурно е дека не треба да ја бараш на вакви веб-страници, каде буквално сама им се нуди на сите. Истото важи и за Фејзбук. Сигурно не ти треба некоја која со сите пријатели ги споделува фотографиите од задникот и деколтето.


6. Нема да ви бидат сите работи заеднички

Факт е дека спротивностите се привлекуваат. Тоа што не сакате исти работи значи дека може да ви биде поинтересно додека се запознавате. Додека вие правите нешто што вам ви е интересно, таа прави нешто што неа ѝ е интересно и тука нема ништо интересно.


7. Нема потреба да ја споредувате

Толку ќе се чувствувате среќно и исполнето што нема да имате никаква потреба ниту да помислите на бившата, ниту да ги споредувате двете. Таа е тотално различна, а сепак доволна, за да не помислувате на ниедна друга девојка.

10-kvaliteti-koi-ja-pravat-da-bide-vistinskata-2.jpg

8. Таа не е најубавата

Не значи дека супермоделите не можат да бидат вистинските, но не треба тоа да е пресудно. Вистинската може да не изгледа толку секси и неодоливо, но може со неа да имате посебна врска и поинакво поврзување. Не ја испуштајте оваа девојка.


9. Длабоки разговори

Вистинската е секогаш тука кога ви треба разговор. Дури и за нешто што таа не го разбира, подготвена е да сослуша и да размисли како да ви помогне. Со неа може долго да разговарате и заедно да барате решение за некои проблеми. Тоа е девојката која треба да ја имате цел живот до себе.


10. Таа не поставува услови

Таа се грижи за тоа дали сте двајцата среќни во врската и дали тоа е здрава врска. Таа не претерува со барањата и нема да ви врши притисок со услови дека ќе ве остави ако не исполните некоја нејзина желба. Никој не сака личност која се грижи само за себе.

10-kvaliteti-koi-ja-pravat-da-bide-vistinskata-1.jpg

Би можело да ве интересира:

„Таа имаше 3 пропаднати брака - со бизнисменот ѝ здодеа, со психијатарот не најде мир, но како најде... „Третиот брак ѝ беше со психијатар. Залудно сè, ако нема мир. Зошто да го плаќа ...
Како да познаете лош (или насилен) партнер уште во првите шест месеци од врската? „Ако има навика да ве грабне за рака и да ве повлече силно кога сака да го следи...
„Мечкина прегратка“ - Хит поза за водење љубов за паровите кои сакаат врвна интимност и страст Доколку сакате блискост и интимност при водењето љубов, тогаш ќе ви се допадне п...
„Мислев дека отворениот брак е супер идеја, но сопругот се вљуби во неговата љубовница“ „Мислев дека луѓето можат да бидат вљубени во една личност, а да спијат со друга...
11 работи кои мажите повеќе не ги прават, кога бракот ќе почне да се распаѓа Работи кои мажите повеќе не ги прават, кога бракот ќе почне да се распаѓа: Не ги...
„Маж ми ме изнервира и си земав пауза од бракот“ „Само му реков: ‘Ми треба пауза од тебе. Инаку не сакам да бидам доведена во сит...

Најчитани неделава