Што мислат момците vs. што девојките навистина прават по раскинувањето

Момците постојано се прашуваат што прави нивната бивша девојка откако врската пропаднала.

sto-pravat-devojkite-posle-raskinuvanje-vs-sto-pravat-devojkite-navistina-posle-raskinuvanje-1

Иако немаат храброст да дознаат од нив, често си прават претпоставки дека тие се среќни, што е далеку од вистината, а еве и зошто.

Што прави девојката после раскинување според вас:

1. Излегува почесто бидејќи конечно може да се забавува уживајќи во слободата.

2. Има поширок круг на луѓе со кои се дружи постојано и ужива во нивното присуство за кои вие никогаш не сте знаеле дека постојат.

3. Запознава ново момче и стапува во врска, бидејќи ве заборавила и сега е среќна со некој друг.

4. Се разубавила.


Што прави девојката после раскинување навистина:

1. Излегува почесто за да ве сретне вас на места на кои знае дека ќе ве види во друштво кое знае дека не го поднесувате и со широка насмевка на лицето. Се за да ви докаже дека ве заборавила што е далеку од вистината, посебно после тазе раскинување.

2. Има поширок круг на луѓе, но тоа се често нејзини обожаватели, а не пријатели.Таа навидум ужива во нивното друштво, бидејќи знае дека вие ја следите нејзината ситуација. Но, и самата не знае дека наместо тоа друштво го посакува вашето. Затоа и се труди да ви привлече внимание.

3. Запознава ново момче кое е позгодно од вас и можеби ја привлекува физички, но сигурно две недели после вашето раскинување не се доволни за таа да се заљуби во него. Едноставно сака да предизвика љубомора од твоја страна, доколку постојано ја искажува нивната љубов во јавност.

4.Се разубавила навистина, но само за да ја забележите повторно и да се покаете што сте ја испуштиле од раце, нели девојки?

sto-pravat-devojkite-posle-raskinuvanje-vs-sto-pravat-devojkite-navistina-posle-raskinuvanje-2

Доколку ја препознавате вашата бивша во потточките и се уште чувствувате нешто кон неа, дајте и втора шанса. Но, доколку не ја сакате повеќе игнорирајте ги нејзините сигнали. Верувајте, со време сами ќе исчезнат.

Би можело да ве интересира:

11 работи кои мажите повеќе не ги прават, кога бракот ќе почне да се распаѓа Работи кои мажите повеќе не ги прават, кога бракот ќе почне да се распаѓа: Не ги...
Како да познаете лош (или насилен) партнер уште во првите шест месеци од врската? „Ако има навика да ве грабне за рака и да ве повлече силно кога сака да го следи...
Порака до моите бивши: „Ви благодарам што ме скршивте до точка од која сфатив - заслужувам подобро“ „Преживеав непочитување, ги игнорирав црвените знаци и се убедував себеси дека љ...
5 знаци дека не го привлекувате партнерот, според експерт за говор на телото Кога седите еден до друг, меѓу вас има повеќе простор од вообичаено и партнерот ...

Најчитани неделава