Вагината има заби и уште 5 чудни верувања за женскиот полов орган

Никој не знае од каде потекнуваат овие 6 чудни верувања, но сигурно сите сте ги слушнале барем еднаш во животот.

vaginata-ima-zabi-i-uste-5-cudni-veruvanja-za-zenskiot-polov-organ-01.jpg

1. Некои вагини имаат заби

Ова верување е проширено низ целиот свет, од Русија до Индија и Јапонија. Во поголем број од приказните, машкиот херој кој ќе ја добие женската невиност треба да ги „скрши забите“ пред таа целосно да му се предаде.


2. Вагината е само „студен“ пенис

Грчкиот лекар Клаудие Гален, уште во 2-от век имал теорија дека со телото управуваат телесните течности. Па така, според неговата теорија машкото тело е топло и суво, а женското студено и влажно. Клаудие тврдел дека вагината е исто што и пенисот, но заради тоа што женското тело е студено, половите органи се внатре.


3. Вагината пропаѓа ако жената се школува

Оваа чудна теорија ја смислил Хенри Кларк, професор од Харвард, кој се борел за тоа дека жените не треба да се школуваат. Според неговата теорија женскиот мозок не може да го издржи големиот напор како машкиот, а ако претерано се напрегаат, тоа би можело да им ја уништи матката и плодноста.


4. Жените не можат да останат бремени ако се силувани

Овој ужасен мит бил дел од еден законски акт во Британија, во кој пишувало дека жената која не се согласила на секс, не може да остане бремена. Тоа што жените останувале бремени, било доказ дека не биле силувани и присилени на секс.


5. Странична вагина?

Овие гласини започнале да се шират во 19-от век и биле сконцентрирани врз Азијатките за кои се тврдело дека имаат странични вагини. Сепак, ова е само дел од некое расистичко движење и верување од тоа време.


6. Менструалната крв може да го убие мажот

Ова верување било присутно со години, па така во 19-от век се верувало дека мажот ќе заболи од гонореја ако има секс со жена која има менструација.

Знаете уште некоја бесмислица на оваа тема?

Би можело да ве интересира:

11 работи кои мажите повеќе не ги прават, кога бракот ќе почне да се распаѓа Работи кои мажите повеќе не ги прават, кога бракот ќе почне да се распаѓа: Не ги...
Како да познаете лош (или насилен) партнер уште во првите шест месеци од врската? „Ако има навика да ве грабне за рака и да ве повлече силно кога сака да го следи...
„Мечкина прегратка“ - Хит поза за водење љубов за паровите кои сакаат врвна интимност и страст Доколку сакате блискост и интимност при водењето љубов, тогаш ќе ви се допадне п...
„Маж ми ме изнервира и си земав пауза од бракот“ „Само му реков: ‘Ми треба пауза од тебе. Инаку не сакам да бидам доведена во сит...
Експерт за врски од Србија: „Зошто мажите изневеруваат и во среќни бракови + Зошто жените први остав... „Мажот изневерува затоа што тој има потреба од поинаква верзија на себеси во нек...
„Избегнував да бидам интимен со мојата сопруга со години и тоа ни го уништи бракот“ „Нашиот брак главно беше среќен, но отсекогаш сум имал проблеми со интимноста. Ј...

Најчитани неделава