14 работи кои ќе ги научите за љубовта кога ќе го запознаете Вистинскиот

Вашата сродна душа би требало да биде личност која ве инспирира да бидете подобри и да се надминете себеси.

14-raboti-koi-ke-gi-naucite-za-ljubovta-koga-ke-go-zapoznaete-vistinskiot-01.jpg

Ако моментално сте во врска и се препознаете во овие 15 работи, тогаш големи се шансите да сте го пронашле Вистинскиот:

1. Ниту една љубов не е совршена

Таа има свои успеси и паѓања, но падовите не се показател на слабост и не носат порака дека не треба да бидете заедно. Напротив, тоа може да бидат ситуации кои ќе ве зближат.


2. Понекогаш, сè што треба да направите е да се прегрнете

Без прашања, без совети. Само да го фатите за рака и да се прегрнете.


3. Можете да бидете лути на некој, но и понатаму да го сакате

Тоа што сте лути не значи дека вашата врска ќе заврши, туку дека сте човек кој се грижи и има силни чувства.


4. Времето кое го имате на само е свето

Го достигнавте тој степен што имате толку обврски, па сега едвај чекате да се видите на само? Кога имате време само за вас, чувствувајте се како победник, затоа што ова е уште еден добар знак.


5. Таман кога помисливте дека не можете да го сакате повеќе, тој ви го докажа спротивното

Тоа може да се случи во спонтан, но значаен момент. Емоциите не избледуваат со тек на време и тоа е најважно да го сфатите во овој момент.


6. Компромисите се исплатат

Затоа што на крајот од денот, ништо не го победува фактот дека заспивате до личноста која ја сакате.


7. Комуникацијата ги решава проблемите

Не можете да очекувате дека ќе ви ги чита мислите, па дури и ако сте убедени дека тој е вашата сродна душа. Подобро е да разговарате, отколку да направите цел филм во главата.

14-raboti-koi-ke-gi-naucite-za-ljubovta-koga-ke-go-zapoznaete-vistinskiot-02.jpg

8. Денот без обврски го користите заедно

Понекогаш прекрасно е да кажете дека не сте правеле ништо, но сте биле заедно.


9. Галењето секогаш ве прави да се чувствувате подобро

Дури и кога посакувате да сте сами, вашиот партнер е во состојба да ве расположи? Поголема среќа не можете ни да замислите!


10. Слободно разговарате за непријатните теми

Дури и ако работите се премногу лични и мислевте дека со никој во животов нема да ги споделите, сепак ви се создава мир и спокој кога му ги кажувате токму него.


11. Кога сакате време за себе не значи дека нешто не е во ред

Вие сте човек на кој му е потребна слобода за да ужива сам со себе. Ваквиот начин на размислување е здрав за врската, а не знак дека таа пропаѓа.


12. Не мора да имате исто друштво за да функционирате

Само треба да го почитувате туѓото друштво, ништо повеќе.


13. Емоционалната и физичка интимност се поврзани

Тоа е магичен круг кој постојано се зацврстува и вие добро го знаете тоа.


14. Вистинската личност ве прави подобри

Личноста која ве сака и ја сакате од вас го вади само најдоброто. Таа ве инспирира и прави среќни, а тоа понатаму влијае на сите делови во животот.

Би можело да ве интересира:

11 работи кои мажите повеќе не ги прават, кога бракот ќе почне да се распаѓа Работи кои мажите повеќе не ги прават, кога бракот ќе почне да се распаѓа: Не ги...
„Таа имаше 3 пропаднати брака - со бизнисменот ѝ здодеа, со психијатарот не најде мир, но како најде... „Третиот брак ѝ беше со психијатар. Залудно сè, ако нема мир. Зошто да го плаќа ...
„Понекогаш партнерот не успева да доживее оргазам - дали проблемот е во мене?“ „Гледајќи во лицето на мојот партнер забележав капка пот како се тркала по негов...
Како да познаете лош (или насилен) партнер уште во првите шест месеци од врската? „Ако има навика да ве грабне за рака и да ве повлече силно кога сака да го следи...
„Маж ми ме изнервира и си земав пауза од бракот“ „Само му реков: ‘Ми треба пауза од тебе. Инаку не сакам да бидам доведена во сит...
Најголемите предизвици што ги носи бракот, а за кои никој не зборува, според жени „Најтешко е тоа што ќе го видите партнерот во неговите најлоши и најгрди моменти...

Најчитани неделава