Спонзорушите веќе не се во мода! Бидете трофеј жена!

Во последните години едни од најпопуларните девојки и жени беа оние кои се атрактивни, одлично изгледаат, не се многу паметни и одлични се како придружнички на богатите и моќни мажи.

sponzorusite-veke-ne-se-vo-moda-bidete-trofej-zena-01

Тие не им се мешаат во работата, не им приговараат за многу работи, не знаат ни што точно им се случува, но од друга страна не ги заморуваат ни со ситници и прашања.

Нив единствено им е важно да бидат видени со нив и мажот да има доволно пари со кои ќе може да им овозможи сè што тие ќе посакаат.

Скапи парчиња облека, накит, патувања и забави се дел од нивната листа која очигледно веќе им досади на мажите.

Се чини како сите да се презаситија од нив, па сега на цена се успешните, паметни и независни трофеј-девојки. Но, не се мисли на девојки кои им се само уште еден трофеј на полиците на некој фраер, туку тоа се оние кои заслужуваат трофеј за сè што поседуваат.

Во новото време, успешните мажи, покрај себе сакаат еднакво успешни жени. Тоа не значи дека треба да го запостават изгледот, но да не им биде единствена преокупација.

Жената – трофеј е храбра, паметна и одлучна жена. Таа е независна и знае што сака. Истовремено, не се натпреварува со мажот, туку знае да чекори покрај него и со него. Таа му е најголема поддршка и го разбира целосно, исто како и тој неа.

Ваков пример на пар меѓу познатите се Џорџ и Амал Клуни.

Момци, се согласувате?

Би можело да ве интересира:

„Има жени што го живеат својот рокенрол - со нив никогаш не знаеш на што си“ „Има жени што го живеат својот рокенрол. Колку и да го има сè помалку во светот,...
„Таа имаше 3 пропаднати брака - со бизнисменот ѝ здодеа, со психијатарот не најде мир, но како најде... „Третиот брак ѝ беше со психијатар. Залудно сè, ако нема мир. Зошто да го плаќа ...
„Тим билдинг е еднакво на разврат - оженети мажи и омажени жени со афери по хотели“ „Тим билдинг е еднакво на разврат. Женети мажи и мажени жени се развлекуваат по ...
11 работи кои мажите повеќе не ги прават, кога бракот ќе почне да се распаѓа Работи кои мажите повеќе не ги прават, кога бракот ќе почне да се распаѓа: Не ги...
„Мислев дека отворениот брак е супер идеја, но сопругот се вљуби во неговата љубовница“ „Мислев дека луѓето можат да бидат вљубени во една личност, а да спијат со друга...
Жени кои биле во врска со богати мажи споделуваат искуства: „Сите мислат дека сум со него поради пар... „Мојот претходен дечко потекнуваше од богато семејство и беше многу мрзелив, себ...

Најчитани неделава