Знаете ли што е најважно за добар секс?

Луѓето често пати се убедени дека неверојатно добриот или ужасно лошиот секс се како последица од нивното знаење, искуство или нешто сосема трето.

znaete-li-sto-e-najvazno-za-dobar-seks-1.jpg

Но, постојат неколку секојдневни работи кои може да ви го подобрат сексуалниот живот без да знаете.

Хорори и трилери

Ерик Јансен во едно истражување утврдил дека негативните емоции како страв и нервоза предизвикуваат поголемо сексуално возбудување. Во тие моменти, се зголемува потребата од прегратка и заштита од партнерот, поради што блискоста расте.


Состојбата на сметката на партнерот

Неодамнешно истражување докажа дека колку мажот е побогат, толку поголеми се шансите нивната партнерка да доживее оргазам.


Годишни времиња

Хетеросексуалните мажи најчесто се возбудуваат во зима. Научниците тоа го објаснуваат како последица од целосно покриеното женско тело во студените денови, заради што желбата за расоблекување и голотија е поголема.


Број 9

Голем број на истражувања покажуваат дека лицата чија возраст завршува со 9-ка имаат многу поголеми шанси да ги изневерат партнерите од сите останати. Што значи сите кои имаат 29, 39, или 49 години се далеку поголеми прељубници, односно сексуално поактивни. Како причина се наведува крајот на декадата и почетокот на новата, во која размислуваме колку сме биле успешни и колку сме задоволни со она што до тогаш е постигнато.


Гушкање и мазење

Партнерите кои поминуваат подолго време во мазење и гушкање по сексот, се многу позадоволни од оние кои воопшто не се допираат.


Вежбање

Психолошките истражувања покажуваат дека физичката активност го зголемува сексуалното возбудување. Што значи, совршениот секс може да се случи веднаш по вежбањето, дури и ако партнерот е далеку од совршен.

Би можело да ве интересира:

Како да познаете лош (или насилен) партнер уште во првите шест месеци од врската? „Ако има навика да ве грабне за рака и да ве повлече силно кога сака да го следи...
14 јасни знаци дека не сте среќни со партнерот (но не сакате да си признаете) Сѐ што прави партнерот ве нервира. Работи што порано ви биле симпатични, сега ви...
Најголемите предизвици што ги носи бракот, а за кои никој не зборува, според жени „Најтешко е тоа што ќе го видите партнерот во неговите најлоши и најгрди моменти...
„Мечкина прегратка“ - Хит поза за водење љубов за паровите кои сакаат врвна интимност и страст Доколку сакате блискост и интимност при водењето љубов, тогаш ќе ви се допадне п...
„Понекогаш партнерот не успева да доживее оргазам - дали проблемот е во мене?“ „Гледајќи во лицето на мојот партнер забележав капка пот како се тркала по негов...
5 знаци дека не го привлекувате партнерот, според експерт за говор на телото Кога седите еден до друг, меѓу вас има повеќе простор од вообичаено и партнерот ...

Најчитани неделава