Кога ќе се заљубите по вторпат...

Кога сте вљубени за првпат сè изгледа идеално, бесконечно, прекрасно... Се чини како никогаш дека нема да заврши и дека тоа е најубавото нешто што може да ви се случи.

koga-ke-se-zaljubite-po-vtorpat-01.jpg

Доаѓа момент кога изгледа неверојатно, но сета магија ја снемува одеднаш. Оној кој толку многу ве сакал наеднаш исчезнува од вашиот живот.

Се прашувате како е можно сета таа љубов да одлета во непознат правец. Целиот свет ви се руши и мислите дека никогаш повторно и никого нема да сакате како првиот пат.

Дури и не можете да замислите некоја друга личност покрај себе. Но, љубовта не ви се најавува и не ве прашува, таа едноставно се случува.

Одненадеш, како што првата љубов исчезнува така  се појавува новата. Некој повторно ви ги обзема мислите и прави мирно да спиете.

Но, вториот пат е сосема поинаку. Ако првиот пат живеевте како во сон, се предававте целосно, безрезервно и безусловно, ја прифаќавте сета љубов во широка прегратка и наеднаш таа ви го скрши срцето, сега е поинаку.

Кога се вљубувате по вторпат сакате и се предавате, но не до крај. Ја чувате таа мала резерва на сомнеж дека може да се повтори крајот и тоа е нормално.

Не е многу препорачливо, но природно е да го споредувате вториот партнер со првиот. Навиките и очекувањата не исчезнуваат така лесно. Сè што ви се допаѓало или не првиот пат, сега може да биде спротивно, но ќе научите истото да го сакате на поинаков начин.

Второто вљубување е ново истражување и ново откривање. Ако помине многу време од првиот пат може да ви се чини дека не знаете ништо.

Ниту како треба да се однесувате, ниту што да кажете, како да го допрете или бакнете. Но, љубовта е како возењето велосипед, штом еднаш се случи, не се заборава.

Кога ќе се вљубите по вторпат важно е да го ослободите срцето, да му дозволите да истражува. Слободно, но внимателно. Со сите научени лекции, мали чекори и заеднички разговори ќе доживеете многу посилна љубов.

Иако ви се чини дека ниедна љубов нема да биде толку силна како првата, втората е многу пореална, позрела и потрајна.

Кога ќе најдете нешто сосем поинакво вљубувањето е како за првпат само со сите научени лекции.

Тоа не значи дека нема повторно да направите грешки и дека нема да имате кавги, лутење и по некоја солза, но вториот пат ќе знаете како сето тоа да го решите без да се повредите.

Вториот пат нема да биде прв, тоа е магија која не се повторува, но вториот пат е многу повистински. Вториот пат се случува посебна љубов која трае.

Би можело да ве интересира:

„Таа имаше 3 пропаднати брака - со бизнисменот ѝ здодеа, со психијатарот не најде мир, но како најде... „Третиот брак ѝ беше со психијатар. Залудно сè, ако нема мир. Зошто да го плаќа ...
„Мислев дека отворениот брак е супер идеја, но сопругот се вљуби во неговата љубовница“ „Мислев дека луѓето можат да бидат вљубени во една личност, а да спијат со друга...
„Мечкина прегратка“ - Хит поза за водење љубов за паровите кои сакаат врвна интимност и страст Доколку сакате блискост и интимност при водењето љубов, тогаш ќе ви се допадне п...
Животот во брак не е идеален, но без оглед на сè: „Се гледаме дома, љубов“ Животот со саканата личност не е онаков каков што многумина го замислуваат. Не с...
Сингл девојко, добар маж доаѓа - и кога ќе те најде, ќе му заблагодари на Бог што си чекала Ти си токму таа жена за која добар маж се моли. Tаков маж постои. Тој се моли за...
„Има жени што го живеат својот рокенрол - со нив никогаш не знаеш на што си“ „Има жени што го живеат својот рокенрол. Колку и да го има сè помалку во светот,...

Најчитани неделава