Како од пријател да ѝ станете момче?

Ако се обидувате да се зближите со девојката која ви се допаѓа, правите сè за да ѝ се додворите, но таа сепак ви се обраќа како на другар или брат, време е да излезете од пријателската зона.

kako-od-prijatel-da-i-stanete-momce-01

Многу лесно може да се најдете во ваквата зона, со оглед на тоа што девојките сакаат да играат игри во кои лесно им е да ви бидат пријателки, а од друга страна сакаат да ве заведуваат без да ви признаат.

Ако сакате навреме да ги избегнете ваквите сплетки, следете ги следните совети:

- Бидете ѝ пријател, но не се однесувајте како останатите. Не зборувајте со часови за нејзините животни проблеми.

- Разговарајте за местата на кои била, филмовите кои ги гледала и плановите за викенд. Зборувајте за она што би зборувале доколку сте на состанок со девојка, за да ја почувствува хемијата.

kako-od-prijatel-da-i-stanete-momce-1.jpg

- Ако сте во поголемо друштво, зборувајте со неа само ако морате. Кога ќе останете сами употребете го сиот шарм зада ја заведете. Ако некој ви се придружи, пошегувајте се: „Ех, а таман мислев дека конечно ќе бидеме малку сами“, и насмејте се гласно. Сигурно барем еднаш ќе се запраша дали се шегувате или сте сериозни.

- Дајте ѝ комплимент секогаш кога можете. Ако ве забележжи дека зјапате  во неа, извинете се, насмевнете се и признајте ѝ дека не сте можеле да одолеете. Со неколку забавни досетки, никогаш нема да падне во „пријателската зона“.

- Кога сте заедно однесувајте се како да ви е девојка. Фатете ја за рака додека поминувате улица или отворете ѝ ја вратата за да влезе во автомобилот. Направете да се чувствува како кралица кога сте заедно, а во друштво избегнувајте го сето ова.

- Кога разговарате долго, во текот на разговорот тргнете се настрана и прашајте ја за да излезете на само, но брзо сменете ја темата. Ќе изгледа како да се шегувате, но ќе биде доволно за да се запраша дали сака почесто да излегува со вас.

kako-od-prijatel-da-i-stanete-momce3.jpg

Би можело да ве интересира:

11 работи кои мажите повеќе не ги прават, кога бракот ќе почне да се распаѓа Работи кои мажите повеќе не ги прават, кога бракот ќе почне да се распаѓа: Не ги...
„Маж ми ме изнервира и си земав пауза од бракот“ „Само му реков: ‘Ми треба пауза од тебе. Инаку не сакам да бидам доведена во сит...
Како да познаете лош (или насилен) партнер уште во првите шест месеци од врската? „Ако има навика да ве грабне за рака и да ве повлече силно кога сака да го следи...
8 докази дека сте сопруг за медал (дури и ако сопругата не ви го доделила) Kои се знаците дека сте одличен сопруг? Број 1: Слушате вистински... Не ја преки...
„Таа имаше 3 пропаднати брака - со бизнисменот ѝ здодеа, со психијатарот не најде мир, но како најде... „Третиот брак ѝ беше со психијатар. Залудно сè, ако нема мир. Зошто да го плаќа ...
Експерт за врски од Србија: „Зошто мажите изневеруваат и во среќни бракови + Зошто жените први остав... „Мажот изневерува затоа што тој има потреба од поинаква верзија на себеси во нек...

Најчитани неделава