Бидете најдобрата девојка која ја имал досега!

Да се биде принцезата на бел коњ за вашиот принц и не е така тешко како што си мислите.

bidete-najdobrata-devojka-koja-ja-imal-dosega-1

Ако веќе го имате принцот ова се правилата со кои ќе го задржите, но доколку се уште го немате сретнато со нив секако ќе го привлечете.

Девојки само вака ќе бидете најдобрата девојка која ја имал досега:

- Кажувајте го тоа што го мислите, кога вие не читате мисли тешко дека тој може да ги чита вашите, а впрочем тоа на момците им се допаѓаат директни девојки.

- Не лутете се доколку гледа порно, па и вие го правите тоа, зарем гледањето порно значи дека не ужива во сексот со вас? Секако дека не!

- Изненадувајте го понекогаш, само бидејќи сте неговата понежна половина, не значи дека него не му е потребна нежност.

- Ценете го, како што ве цени тој и охрабрувајте го, само така ќе ужива во вашето присуство бидејќи ќе смета дека е личност на која што и се восхитувате. Кој маж не би посакал таква девојка покрај себе?

- Останете мистериозни, што значи дека треба да ја задржите директната комуникација, но во неа да вметнете мистериозност која ќе го тера да постојано да ве одгатнува како личност.

- Доминирајте во сексот, мажите го сакаат тоа! И не срамете се да ги кажувате сексуалните фантазии, верувајте ќе се изненадите колку може да го возбудат, без разлика со што се поврзани.

- Бидете недостапна, понекогаш, но не секогаш! Мажите се откажуваат од премногу недостижни девојки, бидејќи тие се одбивни. Вашето постојано одбивање ќе го одбие, наместо да го придобие.

- Не се предавајте лесно, уживајте во играта на сексот, давајте му онолку колку што е доволно за да не си замине, а сепак да ве посакува уште повеќе. Иако глумат дека не го сакаат тоа, мажите го ценат!

bidete-najdobrata-devojka-koja-ja-imal-dosega-2

Би можело да ве интересира:

11 работи кои мажите повеќе не ги прават, кога бракот ќе почне да се распаѓа Работи кои мажите повеќе не ги прават, кога бракот ќе почне да се распаѓа: Не ги...
Експерт за врски од Србија: „Зошто мажите изневеруваат и во среќни бракови + Зошто жените први остав... „Мажот изневерува затоа што тој има потреба од поинаква верзија на себеси во нек...
Како да познаете лош (или насилен) партнер уште во првите шест месеци од врската? „Ако има навика да ве грабне за рака и да ве повлече силно кога сака да го следи...
„Мечкина прегратка“ - Хит поза за водење љубов за паровите кои сакаат врвна интимност и страст Доколку сакате блискост и интимност при водењето љубов, тогаш ќе ви се допадне п...
„Не пробувајте да бидете порно ѕвезда“ – Интимни совети кои можеби ќе сакате да сте ги слушнеле пора... „Сексуалната некомпатибилност е вистинска – љубовен јазик, движења, нивоа на агр...
Сингл девојко, добар маж доаѓа - и кога ќе те најде, ќе му заблагодари на Бог што си чекала Ти си токму таа жена за која добар маж се моли. Tаков маж постои. Тој се моли за...

Најчитани неделава