5 квалитети на вистинските заводнички: Овие девојки имаат поголема среќа во љубовта

Совршената шминка, модерната фризура и скапата гардероба не е најдоброто оружје за заведување на спротивниот пол.

5-kvaliteti-na-vistinskite-zavodnicki-ovie-devojki-imaat-pogolema-sreka-vo-ljubovta-01.jpg

Сепак постојат и неколку нефизички квалитети кои се поделотворни од добриот изглед.

Жените кои го поседуваат овој „арсенал“ имаат многу поголем успех во љубовта од класичните убавици.

1. Дружељубивост

Дружељубивите жени се секогаш попривлечни од жените кои уживаат во самотијата. Дури и кога некој прв пат ве гледа, ќе делувате многу поатрактивно ако во тој момент сте во нечие друштво, отколку сами.


2. Енергичност

Без разлика дали организирате излегување или завршувате некоја обврска, ќе делувате многу посамоуверено и привлечно ако сте енергични. Истражувања покажуваат дека луѓето не сакаат мрзеливи личности кои секогаш треба да ги туркате за да направат нешто.

5-kvaliteti-na-vistinskite-zavodnicki-ovie-devojki-imaat-pogolema-sreka-vo-ljubovta-02.jpg

3. Хумор

Не е неопходно да ги знаете сите вицеви и анегдоти, ниту да глумите комичар. Но, праксата покажува дека девојките кои знаат да се пошегуваат се многу посимпатични, посебно ако шегата е на нивна сметка.


4. Ведра природа

Насмеаните дами пленат со шарм. Вештачката љубезност секогаш се познава и има спротивен ефект врз мажите, додека смеењето од срце делува како афродизијак.


5. Знаење

Никогаш не е нападно и непристојно ако во текот на разговорот покажете дека се разбирате во спортот, виното или музиката која се дискутира. Откријте ги своите таленти!

Би можело да ве интересира:

11 работи кои мажите повеќе не ги прават, кога бракот ќе почне да се распаѓа Работи кои мажите повеќе не ги прават, кога бракот ќе почне да се распаѓа: Не ги...
„Маж ми ме изнервира и си земав пауза од бракот“ „Само му реков: ‘Ми треба пауза од тебе. Инаку не сакам да бидам доведена во сит...
Како да познаете лош (или насилен) партнер уште во првите шест месеци од врската? „Ако има навика да ве грабне за рака и да ве повлече силно кога сака да го следи...
Експерт за врски од Србија: „Зошто мажите изневеруваат и во среќни бракови + Зошто жените први остав... „Мажот изневерува затоа што тој има потреба од поинаква верзија на себеси во нек...
8 докази дека сте сопруг за медал (дури и ако сопругата не ви го доделила) Kои се знаците дека сте одличен сопруг? Број 1: Слушате вистински... Не ја преки...
„Избегнував да бидам интимен со мојата сопруга со години и тоа ни го уништи бракот“ „Нашиот брак главно беше среќен, но отсекогаш сум имал проблеми со интимноста. Ј...

Најчитани неделава