Како тој флертува со вас без да го забележите?

Момците кои се срамежливи или едноставно не сакаат да се нападни, флертуваат со вас на прикриен начин кој вие не го забележувате или можеби не сакате да го забележите.

kako-toj-flertuva-so-vas-bez-da-go-zabelezite-2

Доколку ваш познаник од посилниот пол кога е во ваше друштво ги прави овие работи тогаш бидете сигурни дека флертува со вас.

Имаш прекрасна насмевка

Ако постојано ви кажува дека имате убава насмевка, изгледате одлично или фармерките ви стојат беспрекорно, сигурно флертува со вас преку комплименти, бидејќи која девојка не сака комплименти?


Поцрвенети образи

Кога му се обраќате директно, поцрвенува и станува нервозен, сигурно тоа не му се случува бидејќи во просторијата температурата е висока.


Контакт со очи

Постојано ве гледа директно во очи, долго и длабоко, дури понекогаш се чувствувате како да не ги оттргнува очите од вас.

Кога момчето го прави ова може и самиот да не е свесен дека му се допаѓате, но внимавајте можеби и знае, но сака да ве заведе со поглед.

kako-toj-flertuva-so-vas-bez-da-go-zabelezite-1

Го имитира вашето зборување или движењата

Ве имитира во некои ваши мимики или движења со рацете. Понекогаш го сфаќате како шега, но во повеќето случаи ви делува слатко, нели? Тоа тој добро го знае, верувајте!


Случаен допир

Упс, раката случајно му се слизна на твоето колено или зад твојата половина.


Постојано кимање со главата

Тоа покажува дека ве слуша внимателно или се прави дека ве слуша внимателно за да му се допаднете.


Танцување

Не е баш по танцувањето посебно пред јавност, но за вас во ноќен клуб би направил исклучок. Која е причината?


Повик за излегување

Сте излегувале во друштво, но неочекувано сте добиле повик за излегување на само. Внимавајте ова е крајниот чекор на флертот, доколку прифатите, не очекувајте пријателски разговор или обично излегување.

Сигурно момчето ќе се обиде да ви покаже дека му значите, но доколку тој не ви значи вас на таков начин, одложете го излегувањето и следниот ден договорете го заедно со друштвото на кафе.

Само така ќе му дадете дознаење дека не сте заинтересирани.

Сте имале ли некое вакво искуство?

Би можело да ве интересира:

Како да познаете лош (или насилен) партнер уште во првите шест месеци од врската? „Ако има навика да ве грабне за рака и да ве повлече силно кога сака да го следи...
„Не пробувајте да бидете порно ѕвезда“ – Интимни совети кои можеби ќе сакате да сте ги слушнеле пора... „Сексуалната некомпатибилност е вистинска – љубовен јазик, движења, нивоа на агр...
„Мечкина прегратка“ - Хит поза за водење љубов за паровите кои сакаат врвна интимност и страст Доколку сакате блискост и интимност при водењето љубов, тогаш ќе ви се допадне п...
„Избегнував да бидам интимен со мојата сопруга со години и тоа ни го уништи бракот“ „Нашиот брак главно беше среќен, но отсекогаш сум имал проблеми со интимноста. Ј...
Сингл девојко, добар маж доаѓа - и кога ќе те најде, ќе му заблагодари на Бог што си чекала Ти си токму таа жена за која добар маж се моли. Tаков маж постои. Тој се моли за...
Најголемите предизвици што ги носи бракот, а за кои никој не зборува, според жени „Најтешко е тоа што ќе го видите партнерот во неговите најлоши и најгрди моменти...

Најчитани неделава