Открил дека неговата жена го изневерува и изнајмил детектив, па приказната ја споделил на интернет

Приказната на еден анонимен блогер кој изнајмил приватен детектив и открил дека жената го изневерува, тој самиот ја објави на Reddit и ја сподели со околу 15.000 лица.

otkril-deka-negovata-zena-go-izneveruva-i-iznajmil-detektiv-pa-prikaznata-ja-spodelil-na-internet-01.jpg

Сè започнало кога ги открил пораките во телефонот на неговата сопруга.

- Жената ме изневерува а како доказ ги имам пораките од нејзиниот телефон, иако таа не знае дека знам, напишал во првиот пост.

Тој и неговата жена Џени биле во брак 8 години.

- Најдов фотографии на кои двајцата се голи, а открив дека обично се допишуваат помеѓу 1 и 4 часот наутро, кога јас спијам. Таа ме изневерува. Постојано зборуваат за позите кои сакаат да ги пробаат и планираат да се видат овој викенд. Таа не знае дека и го проверив телефонот. Сега не знам што да правам. Иако немавме големи проблеми, ме изневерува.

Разочаран од ситуацијата, поставил прашање до сите кои ја читаат неговата приказна.

- Дали да и кажам дека знам? Или само да одам од дома и да поднесам барање за развод? Ја сакам. Ги фотографирав пораките и си ги пратив на мејл. Се чувствувам како некој да ме пукнал во стомак.

Кога неговата жена се вратила дома, тој се преправал дека сè е во ред.

- Тешко ми е да зборувам нормално со неа, но некако успевам. Без секс. А пронајдов и 3 добри адвокати за развод. Моментално е во бањата и повторно се допишува. Сигурно повторно си праќаат фотографии. Многу ме боли.

Следниот негов чекор бил приватниот детектив кој го известувал каде оди и што прави.

- Се најдоа пред неговиот стан, се бакнаа и влегоа. Изневерувањето сега е потврдено. Приватен детектив ги шпионира. Редовно ме известува, а јас останав без зборови, напишал очајниот сопруг.

Целата оваа приказна ја следеле околу 15.000 корисници на Reddit и го советувале што да прави.

На крајот, се соочил со својата сопруга.

- Не помина добро. Викање, бес, тага, плачење, објаснување...

Последен пат се огласил на 18 јануари, кога споделил дека поминува низ болен развод.

- Голем дел од мојот живот се распаѓа. Но, ќе најдам начин да се изборам. Можам. Ќе ви пишам штом сум малку посилен, гласи неговата последна порака.

Би можело да ве интересира:

„Таа имаше 3 пропаднати брака - со бизнисменот ѝ здодеа, со психијатарот не најде мир, но како најде... „Третиот брак ѝ беше со психијатар. Залудно сè, ако нема мир. Зошто да го плаќа ...
Животот во брак не е идеален, но без оглед на сè: „Се гледаме дома, љубов“ Животот со саканата личност не е онаков каков што многумина го замислуваат. Не с...
„Мислев дека отворениот брак е супер идеја, но сопругот се вљуби во неговата љубовница“ „Мислев дека луѓето можат да бидат вљубени во една личност, а да спијат со друга...
Сингл девојко, добар маж доаѓа - и кога ќе те најде, ќе му заблагодари на Бог што си чекала Ти си токму таа жена за која добар маж се моли. Tаков маж постои. Тој се моли за...
Наш психолог за разводите во Македонија: „Мажите копнеат по ‘изумрен тип’ на жени, жените први бара... „ПАТРИЈАРХАЛНАТА жена која живее во функција на потребите на мажот е речиси мртв...
Експерт за врски од Србија: „Зошто мажите изневеруваат и во среќни бракови + Зошто жените први остав... „Мажот изневерува затоа што тој има потреба од поинаква верзија на себеси во нек...

Најчитани неделава