14 знаци дека тој НЕ е Вистинскиот!

Секоја девојка има своја листа на приоритети, услови или знаци според кои одредува дали некоја личност ѝ одговара или не. Постојат многу универзални знаци дека баш тој е Вистинскиот.

15-znaci-deka-toj-ne-e-vistinskiot-01

Но, има и некои сигурни според кои може однапред да знаете дека тој НЕ е Вистинскиот.

1. Се дотерувате, се подготвувате во петок навечер и чекате да се јави

Ако тоа ви се случува често, нешто навистина не е во ред. Потрудете се да си го искористите времето, да се подготвувате заради себе и имајте планови во кои тој ќе се труди да се вклопи.


2. Трошите повеќе од 20 минути склопувајќи порака за да му ја испратите

Тоа значи дека не сте комплетни со оваа личност и треба да се прилагодувате наместо да се опуштите. Ако сте, тогаш сè ќе кажувате без проблем.


3. Постојано ти прва му пишуваш или му се јавуваш

Ако постојано вие ја започнувате комуникацијата, а тој не знае ни да возврати следниот пат, тоа значи дека не сака да се придружи.


4. Секој наоѓа време за она што му е важно

Ако нешто навистина сакаш ќе најдеш време за да го оствариш. Луѓето ги подредуваат приоритетите според важност.


5. Ако ти се задоволуваш со обична лежерна сексуална врска, зошто тој да сака повеќе?

Колку подолго ја одржувате оваа состојба, толку потешко ќе го промените партнерот да мисли и чувствува нешто поинаку.

15-znaci-deka-toj-ne-e-vistinskiot-1.jpg

6. Прави планови со тебе, но потоа откажува

Не е дека не знае или дека заборава на тоа, туку само те залажува дека планирате заедно, а потоа те остава сама. Ако навистина го сака тоа што го планира, нема ништо друго да му излегува ненадејно секојпат.


7. Секогаш треба да се извинуваш ти наместо тој

Престани да фантазираш. Заслепена си од она што сакаш да веруваш дека се случува и не го гледаш она што навистина се случува. Па, секогаш тој ти ја префрла вината, а ти ја прифаќаш.


8. Ако сега не ти одговара, зошто би ти одговарал во иднина?

Ти се трудиш да му објасниш сè, бараш едноставни работи од него, а тој не ти го дава посакуваниот одговор. Не се помирувај со тоа дека не заслужуваш ништо подобро или дека ти е доволен. Има многу луѓе во светот кои може да те направат среќна.


9. Начинот на кој тој ѝ се обраќа на твојата другарка, не е баш другарски

Тој го знае тоа и таа го знае тоа, само ти не го гледаш на ист начин. Тоа може да биде страшно еден ден кога ќе сфатиш.


10. Ако често ти зборува за други девојки, значи и дека излегува со нив

Сите имаат пријателки, но секогаш постои граница која може да се премине. Ако тој ти зборува за пијани ноќи со нив, луди забави и дружби, сигурно не завршило сè само на пријателство.

15-znaci-deka-toj-ne-e-vistinskiot-2.jpg

11. Ти си секогаш таа која чека на шанса со него

Верувај, ако сака да зборува со тебе, ќе зборува. Ако те мисли, ќе ти каже. Ако сака да излезете, ќе направи напор.


12. Никој од пријателите не те поддржува

Пријателите ти мислат најдобро, колку и да не ти одговара вистината што ти ја зборуваат. Ако сите гледаат каков е и ти зборуваат да го оставиш, веројатно треба да размислиш зошто е тоа така.


13. Те бара само после полноќ

Ти можеби си мислиш дека сака да бидете заедно и да се разбуди покрај тебе. Но, престани да сонуваш. Тој само си завршил сè што сака друго во текот на денот и вечерта, а на крајот сака да му биде гарантирано и сексуалното задоволство. Зошто да не со тебе, ако веднаш прифаќаш?


14. Ако не добиеш порака од него и тоа е порака

Недобивањето порака, всушност е голема порака. Штом не се обидува да стапи во контакт со тебе или заборава да те контактира на кој било начин, значи дека и не го интересираш. Друго објаснување, нема.

15-znaci-deka-toj-ne-e-vistinskiot-3.jpg

Би можело да ве интересира:

7 знаци дека имате одличен сексуален живот со партнерот (број 6 е клучен) Сметате дека вашата предигра е подобра од нечиј сексуален чин, постојано комбини...
9 знаци дека партнерот ви е лојален (и може да му верувате) Што е тоа што лојалниот партнер го прави поинаку од другите? Како да препознаете...
Што сакаат мажите постари од 40 години во сексот? (18+) Мажите над 40 години признаваат дека ги возбудува кога жената ќе облече нешто од...
„Кучешка“ поза со лисици за авантуристите што сакаат жежок секс (18+) Сакате да го „зачините“ сексуалниот живот? Секогаш можете да пробате нешто ново ...
Гоца Тржан сака секс на јавно место, Ким Кардашијан – кучешка поза: Што им е омилено во сексот на по... Анџелина Џоли сака садо-мазо, а Ријана секси играчки и врзување... Што сакаат на...
Упатство за жени: Како да сакате маж? Правило за помнење: Во некоја ситуација тој ќе се однесува несоодветно, ќе биде ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg