Бонтон во сексот

Сексот е приватна работа, секој го прави "тоа" на свој налин, но може да се каже дека постојат некои општи правила. Еве неколку од најважните...

 

Бидете чисти
Жените се бањаат, бричат, ги депилираат интимните делови, се мачкаат со разни креми, само заради момците. Најмалку што мажите можат да направат е да измијат заби, коса, уши, да водат сметка за влакненцата од ушите и ноздрите, но и за ноктите.

Исто така, мажите треба да се грижат за кондомите - без разлика што презервативот ве чува двајцата од инфекции и несакана бременост, момчето треба да е џентлмен и да го превземе тој дел од работата.

Предиграта е важна

Предиграта почнува многу пред соблекување на долната облека, а се состои од разговори, движења, атмосфера...

Без чорапи

Жените во чорапи може да изгледаат привлечно, но момците не. Кога соблекувате се од себе, не ги заборавајте и чорапите, без оглед на тоа дали се бели и чисти, спортски или 'фенси'.

Не наредувај

Пожелно е да кажеш што сакаш и посакуваш, но направи го тоа суптилно и дипломатски. Земи ја раката на партнерката и спушти ја директно кај сакаш, но никогаш не наредувај.

Почитувај ги нејзините желби
И партнерот има ерогени зони и омилени пози, не само вие. Исто така, нормално е да не ве возбудуваат исти работи и затоа биди спремни на компромис. Не терајте ја на пози, движења, акции за кои не сте двајцата расположени. Полека, со текот на времето ќе се вклопите.

Не зборувајте глупости
Некој сака тишина, некој разговор за време на сексот. Ако спаѓате во овие вторите, поведете сметка за тоа што зборувате. Не се фалете - тоа никој не го возбудува. "Куче што лае не каса" вели една народна поговрка. Затоа молчете и покажете и што знаете.

Не прашувајте како било

Нормално е секој да сака потврда по сексот, да знаат дека на партнеот му било супер. Но, ако навистина сте биле добри, партнерот тоа сам ќе го каже. Не е лесно да се лаже, но и вистината не е пријатна, посебно ако нешто не чинело.
Затоа, молчете и следете го говорот на телото на својот партнер, однесување по сексот, како и после неколку дена. Ако партнерот повторно ве посакува во кревет, ќе знаете дека сте го направиле ова како што треба.

Би можело да ве интересира:

Експерт за врски од Србија: „Зошто мажите изневеруваат и во среќни бракови + Зошто жените први остав... „Мажот изневерува затоа што тој има потреба од поинаква верзија на себеси во нек...
„Со партнерот 30 дена водевме љубов двапати дневно - Што се случи со нашиот однос?“ „Започнавме со играта „странци во бар“. Се преправавме дека не се познаваме, а з...
11 работи кои мажите повеќе не ги прават, кога бракот ќе почне да се распаѓа Работи кои мажите повеќе не ги прават, кога бракот ќе почне да се распаѓа: Не ги...
Наш психолог за разводите во Македонија: „Мажите копнеат по ‘изумрен тип’ на жени, жените први бара... „ПАТРИЈАРХАЛНАТА жена која живее во функција на потребите на мажот е речиси мртв...
Ноќта што промени сè: „Маж ми и јас се скаравме. Тргнав на породување, му ѕвонев 30 пати, не креваше... Беше тивка вечер, речиси обична. Ништо не навестуваше дека токму таа ноќ засеког...
Жени кои биле во врска со богати мажи споделуваат искуства: „Сите мислат дека сум со него поради пар... „Мојот претходен дечко потекнуваше од богато семејство и беше многу мрзелив, себ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg