5 чудни приказни од венчавки: Пукнат водењак, фаќање за задникот во црква

Секоја венчавка е интересна и посебна на свој начин. Но, колку и да се трудите сè да биде совршено, никогаш не може да биде без ниедна грешка.

5-cudni-prikazni-od-vencavki-puknat-vodenjak-fakjanje-za-zadnikot-vo-crkva-01

Често се појавуваат многу непланирани работи, непредвидени реакции на гости или случки кои едноставно не се движат според вашиот план.

Не треба да дозволите тоа да ви го расипе најубавиот момент и добро е да знаете дека не сте единствени.

Ова се 5 најчудни приказни од некои венчавки:


Бакни ме страсно

На секоја венчавка доаѓа до тој среќен момент кога младоженецот треба да ја бакне невестата, а гостите аплаудираат. Така би било и овде ако тој бакнеж не траел цели 5 минути, па гостите почнале да се подзакриваат поради непријатност за толку долго да ги гледаат како се бакнуваат младенците. Дури некои раскажуваат дека малку се занеле, па обичниот бакнеж се претворил во страсен француски бакнеж и фаќање за задникот.


Неодлучен младоженец

Тремата пред венчавката им се случува и на најсигурните, а овој младоженец на сред церемонијата во црква на глас кажал дека е најдобро да остане сингл. Но, тука се нашле и неговиот татко и брат кои со по некоја шлаканица го убедиле дека подобро би било да се венча. Така и направил.


Чуден говор

Некои пријатели на зетот, под дејство на алкохолот, сакаат да остават добар впечаток, но успеваат токму во спротивното. Овојпат, пријателот на младоженецот од детството мртов пијан одржал говор пред сите за тоа како неговиот другар нема да ги тепа децата и жената. Нешто тотално непотребно, но тој решил дека треба пред сите да го каже.

5-cudni-prikazni-od-vencavki-puknat-vodenjak-fakjanje-za-zadnikot-vo-crkva-1.jpg

Не се потпирај на децата

Некои невести сакаат деверушите на венчавката да им бидат мали девојчиња, децата на роднините или пријателите, а оние кои ги носат прстените мали момчиња, што на некој начин изгледа и симпатично, но не е секогаш најпаметна идеја.

Петогодишникот кој ги носел прстените на една венчавка се скарал со девојчето кое било деверуша и фрлил по неа со перничето на кое биле прстените. Тогаш сите почнале со потрага на прстените и им требало многу време за да ги пронајдат и да продолжи венчавката.


Венчавка поради бебе

Многу парови се одлучуваат да се венчаат дури откако ќе дознаат дека очекуваат бебе, па брзо договараат датум за што поскоро венчавање. Но, на некои баш им се брза. Во еден таков случај, невестата веќе била во деветти месец и на патот до олтарот ѝ пукнал водењакот.


Имате ли вие некоја интересна случка од венчавка? Споделете ја во коментарите!

Би можело да ве интересира:

„Мечкина прегратка“ - Хит поза за водење љубов за паровите кои сакаат врвна интимност и страст Доколку сакате блискост и интимност при водењето љубов, тогаш ќе ви се допадне п...
Сингл девојко, добар маж доаѓа - и кога ќе те најде, ќе му заблагодари на Бог што си чекала Ти си токму таа жена за која добар маж се моли. Tаков маж постои. Тој се моли за...
Жени кои биле во врска со богати мажи споделуваат искуства: „Сите мислат дека сум со него поради пар... „Мојот претходен дечко потекнуваше од богато семејство и беше многу мрзелив, себ...
Психотерапевтот Стојан Мишиќ вели: „Само покрај жената, љубовницата има смисла - кога ќе ја снема же... „Од љубовницата мажот добива признание дека е алфа, но оној момент кога ќе прест...
Најголемите предизвици што ги носи бракот, а за кои никој не зборува, според жени „Најтешко е тоа што ќе го видите партнерот во неговите најлоши и најгрди моменти...
11 (изненадувачки) причини зошто некои жени избираат развод, наместо да останат во брак Жените ги иритира кога сопругот „заборава“ или намерно прави нешта лошо за да из...

Најчитани неделава