2 Зборчиња кои не треба да ги користите во разговор со партнерот

Ако овој наслов ви звучи заповеднички, тогаш во право сте, но постои добра причина зошто е тоа така.

2-zborcinja-koi-ne-bi-trebalo-da-gi-koristite-vo-razgvor-so-partnerot-1

Постојат многу зборови кои на мажите едноставно им пречат и не сакаат да ги чујат, но и онакви кои можат да ја нарушат стабилноста на врската.

Двете „најопасни” зборчиња на кои мора да се фокусирате се токму овие: „Би требало”.

- „Би требало почесто да миеш садови.”

- „Би требало почесто да излегуваме.”

- „Би требало да имаме секс секој ден.”

Дури и кога ги изговарате со најдобра намера и цел, овие зборови звучат како заповед и во себе кријат нота на осудување и критика. Со други зборови, почетокот на разговорот со овие зборови е симбол на неуспех. Така обично започнуваат и проблемите.

„Би требало” кај вашиот партнер создава лошо чувство и тој започнува да мисли дека не е доволно добар за вас, а реакцијата најчесто е напад или самоодбрана.

Затоа е најдобро да ги избегнувате зборовите кои можат да создадат кавги и да го кажете тоа што искрено го мислите, но на позитивен начин.

Најпрепорачливо е да се користат така наречените „Јас реченици”, кои ќе осигураат да се пренесе јасна порака.

Наместо да кажете „Би требало почесто да ми се јавуваш”, кажете му нешто вакво: „Јас се чувствувам тажна кога те нема цел ден да ми се јавиш, бидејќи имам впечаток дека не мислиш доволно на мене”.

Би можело да ве интересира:

Како да познаете лош (или насилен) партнер уште во првите шест месеци од врската? „Ако има навика да ве грабне за рака и да ве повлече силно кога сака да го следи...
11 работи кои мажите повеќе не ги прават, кога бракот ќе почне да се распаѓа Работи кои мажите повеќе не ги прават, кога бракот ќе почне да се распаѓа: Не ги...
Експерт за врски од Србија: „Зошто мажите изневеруваат и во среќни бракови + Зошто жените први остав... „Мажот изневерува затоа што тој има потреба од поинаква верзија на себеси во нек...
„Маж ми ме изнервира и си земав пауза од бракот“ „Само му реков: ‘Ми треба пауза од тебе. Инаку не сакам да бидам доведена во сит...
„Таа имаше 3 пропаднати брака - со бизнисменот ѝ здодеа, со психијатарот не најде мир, но како најде... „Третиот брак ѝ беше со психијатар. Залудно сè, ако нема мир. Зошто да го плаќа ...
„Избегнував да бидам интимен со мојата сопруга со години и тоа ни го уништи бракот“ „Нашиот брак главно беше среќен, но отсекогаш сум имал проблеми со интимноста. Ј...

Најчитани неделава