7 основни причини за некој да се заљуби во вас

Секој барем еднаш бил заљубен и ја почувствувал магијата на привлечноста, исполнетоста и возбудата. За сето тоа клучна е енергијата или т.н. хемија која струи помеѓу двајца вљубени.

7-osnovni-pricini-za-nekoj-da-se-zaljubi-vo-vas-01

Но, постојат 7 основни причини за некој да ја почувствува вљубеноста:

1. Ако сте многу слични

Познатото „спротивностите се привлекуваат“ се чини дека сè помалку се потврдува и повеќе важи тоа дека партнерите кои имаат слични особини имаат и слични ставови кон животот што им го олеснува секојдневието и им помага подобро да се разберат.


2. Ако личите на неговата мајка или нејзиниот татко

Утврдено е дека најмногу нè привлекуваат луѓе чија боја на очи е слична со онаа на некој од родителите. Забележано е и дека на девојките кои се родиле кога нивниот татко имал нешто повеќе од 30 години, подоцна како партнер одбираат повозрасни мажи, а момците, пак, бираат девојки со слични црти на нивната мајка.


3. Ако имаат мирис кој им одговара

Според студиите спроведени на Универзитетот Southern California за време на овулацијата на жената го сакаат мирисот на облеката на мажот со високо ниво на тестостерон и преферираат машки ликови со изразена вилица.


4. Зависно од висината на гласот

Вашиот глас сигнализира дали сте заинтересирани. Жените го продлабочуваат гласот кога се заинтересирани, додека кај мажите ситуацијата е обратна.


5. Ако се гледате во очи барем две минути

Дури и ако не се познавате со некоја личност, клучен тест за тоа дали ве привлекува е доколку издржите барем 2 минути да се гледате во очи. За тоа време или ќе почувствувате обострана силна привлечност или ќе останете рамнодушни.


6. Ако имате куче

Луѓето кои имаат куче се многу попривлечни во очите на спротивниот пол. Домашното милениче асоцира на верна и одговорна личност.


7. Ако свирите гитара

Музичката дарба влијае на привлечноста. Особено кај девојките е карактеристично дека полесно може да бидат освоени од момче кое ќе им пријде со гитара, отколку кога им приоѓа момче со спортска торба.

Пронаоѓате некоја карактеристика кај себе или партнерот?

Би можело да ве интересира:

11 работи кои мажите повеќе не ги прават, кога бракот ќе почне да се распаѓа Работи кои мажите повеќе не ги прават, кога бракот ќе почне да се распаѓа: Не ги...
Како да познаете лош (или насилен) партнер уште во првите шест месеци од врската? „Ако има навика да ве грабне за рака и да ве повлече силно кога сака да го следи...
„Маж ми ме изнервира и си земав пауза од бракот“ „Само му реков: ‘Ми треба пауза од тебе. Инаку не сакам да бидам доведена во сит...
Експерт за врски од Србија: „Зошто мажите изневеруваат и во среќни бракови + Зошто жените први остав... „Мажот изневерува затоа што тој има потреба од поинаква верзија на себеси во нек...
„Избегнував да бидам интимен со мојата сопруга со години и тоа ни го уништи бракот“ „Нашиот брак главно беше среќен, но отсекогаш сум имал проблеми со интимноста. Ј...
„Таа имаше 3 пропаднати брака - со бизнисменот ѝ здодеа, со психијатарот не најде мир, но како најде... „Третиот брак ѝ беше со психијатар. Залудно сè, ако нема мир. Зошто да го плаќа ...

Најчитани неделава