Интимна исповед: 12 години живеев во брак без секс

Интимноста во многу бракови знае да биде проблем по извесно време. Додека во врската се внимава на тоа двете страни секогаш да бидат задоволени и да не се почувствува оддалеченост на сексуален план, во бракот се чини како да престанува грижата.

intimna-ispoved-12-godini-ziveev-vo-brak-bez-seks-01.jpg

Наеднаш бракот како да ги смирува страстите и како да се мисли дека нема потреба да се внимава на ништо, затоа што нема веќе што да се освојува.

Но, токму тука се јавуваат најголемите проблеми. Кога почнуваат драстично да се менуваат работите, се чувствува оддалеченоста и отфрленоста.

Во еден таков брак се нашла и Лиза Томпсон, која 12 години живеела во брак без секс, се чувствувала непривлечно и непосакувано.

Ако чувствувате срам поради тоа што веќе не се ни сеќавате на чувството кога некој интимно ќе ве допре, знајте дека не сте сами.

Со децата, нивните потреби и домот, многу лесно се затрупуваме во лоши навики, наместо да се запрашаме што не е во ред.

Тоа е многу погрешен став и никако не треба да го занемарувате недостатокот на секс, како показател дека бракот ви е во сериозна криза.

intimna-ispoved-12-godini-ziveev-vo-brak-bez-seks-1.jpg

„Бев во брак без секс и почнав да се чувствувам лошо. Не сум нимфоманка, туку нормална, здрава жена со нормална желба и потреба за секс со партнерот. Не можам да замислам нешто полошо од тоа да се чувствувате непосакувано“ - раскажува Лиза.

Размислувала за патувањето во Италија со нејзиниот, сега веќе поранешен, сопруг и сè ѝ станало многу јасно.

Немала интимност со него и тој цело време ја занемарувал, па дури се чинело дека дури и намерно се трудел таа да се почувствува непосакувано. Ја оставал сама и не ја забележувал.

„Не бев свесна во тој момент колку бев убава. Дури сега ја гледам својата изгубена убавина и срам ми е што сум дозволила да живеам во брак без интимност. Денес можам да бидам и во тренерки и маица, а сепак, да се чувствувам убаво. Во сексуално здрав однос секоја жена се чувствува убаво. Кога интимноста е силно изразена во една врска, тогаш сè останато доаѓа на свое место“ - заклучила Лиза.

Би издржале вие 12 години во брак без секс?

Би можело да ве интересира:

„Избегнував да бидам интимен со мојата сопруга со години и тоа ни го уништи бракот“ „Нашиот брак главно беше среќен, но отсекогаш сум имал проблеми со интимноста. Ј...
„Мислев дека отворениот брак е супер идеја, но сопругот се вљуби во неговата љубовница“ „Мислев дека луѓето можат да бидат вљубени во една личност, а да спијат со друга...
11 работи кои мажите повеќе не ги прават, кога бракот ќе почне да се распаѓа Работи кои мажите повеќе не ги прават, кога бракот ќе почне да се распаѓа: Не ги...
Животот во брак не е идеален, но без оглед на сè: „Се гледаме дома, љубов“ Животот со саканата личност не е онаков каков што многумина го замислуваат. Не с...
„Маж ми ме изнервира и си земав пауза од бракот“ „Само му реков: ‘Ми треба пауза од тебе. Инаку не сакам да бидам доведена во сит...
„Мечкина прегратка“ - Хит поза за водење љубов за паровите кои сакаат врвна интимност и страст Доколку сакате блискост и интимност при водењето љубов, тогаш ќе ви се допадне п...

Најчитани неделава