Сè само да не стават кондом: 10 најчести машки изговори

Речиси и да не постои маж кој барем еднаш одбил безбеден секс заради некој смешен изговор кој „не држи вода“.

se-samo-da-ne-stavat-kondom-10-najcesti-maski-izgovori-01.jpg

Сепак, и тука постојат неколку клишеа кои може да ги слушнете или изговорите. Ова се најчестите 10:

1. Помало задоволство - Ова дефинитивно е првиот изговор со кој сакаат да се извлечат, но со оглед на тоа што денес кондомите се сè потенки, едноставно не држи вода.

2. Не може да ја најде вистинската големина - Кој не пробал, никогаш нема да знае во случајов е најдобриот контра аргумент.

3. Пробува да заштеди - Ако нема пари за кондом, а има за пиво, тогаш ниту едно објаснување не вреди.

4. Не знае како да го најде „вистинскиот“ кондом - Барем денес постојат брдо информации кои може да се најдат на интернет со само еден клик.

5. Мисли дека го прекинува во најубавиот момент - Неколку секунди, колку што трае ставањето на кондомот, не може да ја убие страста.

6. Секогаш внимавал со кого имал секс - Можеби најглупавиот можен изговор. Што значи тоа? Дека до сега спиел само со девици? Сериозно има девојки кои ќе поверуваат во оваа приказна?

7. Добро се познава со девојките кој е интимен - Ако тоа е причината со која ќе се штитите од болести, тогаш 90% од инфекциите немаше да постојат.

8. Нема кондом - Во овој случај, голема е веројатноста дека нема да има ни секс.

9. Премногу е пијан - Незаштитен пијан секс? Звучи примамливо? Или не...

10. Сигурен е дека девојката е „чиста“ и ѝ верува - А кој ја прашува девојката што мисли?

Би можело да ве интересира:

Како да познаете лош (или насилен) партнер уште во првите шест месеци од врската? „Ако има навика да ве грабне за рака и да ве повлече силно кога сака да го следи...
„Маж ми ме изнервира и си земав пауза од бракот“ „Само му реков: ‘Ми треба пауза од тебе. Инаку не сакам да бидам доведена во сит...
11 работи кои мажите повеќе не ги прават, кога бракот ќе почне да се распаѓа Работи кои мажите повеќе не ги прават, кога бракот ќе почне да се распаѓа: Не ги...
Сингл девојко, добар маж доаѓа - и кога ќе те најде, ќе му заблагодари на Бог што си чекала Ти си токму таа жена за која добар маж се моли. Tаков маж постои. Тој се моли за...
„Таа имаше 3 пропаднати брака - со бизнисменот ѝ здодеа, со психијатарот не најде мир, но како најде... „Третиот брак ѝ беше со психијатар. Залудно сè, ако нема мир. Зошто да го плаќа ...
Експерт за врски од Србија: „Зошто мажите изневеруваат и во среќни бракови + Зошто жените први остав... „Мажот изневерува затоа што тој има потреба од поинаква верзија на себеси во нек...

Најчитани неделава