Како треба да изгледа совршената жена според мажите?

На многу жени сексапилот им е мистерија. Мислат дека тој се постигнува со многу шминка, совршена фризура, големо деколте и минијатурно здолниште. Но, сексапилот има потполно поинакво значење за мажите.

kako-treba-da-izgleda-sovrsenata-zena-spored-mazite-01.jpg

Се прашувате како изгледа совршената жена во очите на сите мажи? Еве го одговорот:

Вистинска облека

Сите жени мислат дека мажите сакаат длабоко деколте и мини здолништа. Можеби се вртат по разголени жени, но покрај себе сакаат покриена и по малку мистериозна жена. Тие го сакаат моментот на таинственост и изненадување.


Говор на телото

Ако жената е подгрбавена, често гледа во земјата или има спуштени раменици, делува многу постаро и изморено. Од друга страна, жената која оди исправено и со крената глава делува многу посамоуверено, а мажите сакаат жени со голема самодоверба. Освен тоа, исправените жени делуваат послабo.


Боја на глас

На мажите им се привлечни девојки кои зборуваат потивко и подлабоко, затоа што тој тон го сметаат за посензуален. Исто така, ги сакаат и жените кои знаат да се смеат искрено, но не премногу гласно. Што значи, не сакаат многу кикотење, туку женствена насмевка на која нема да и одолеат.

kako-treba-da-izgleda-sovrsenata-zena-spored-mazite-02.jpg

Насмевка полна живот

Нема ништо подобро од насмеана жена, тврдат сите мажи. Ако зад добро негуваните усни се кријат убави заби, тоа е добитна комбинација. Едно истражување покажало дека мажите повеќе сакаат насмеани жени без шминка, отколку совршено нашминкани сериозни жени.


Заводничка коса

Важно е косата да биде негувана и чиста. Според многу изјави на мажите, тие се привлечени од жени кои знаат да си играат со косата и да ја префрлаат на страна. Едноставно, тие жени им се посекси.


Самодоверба

Сè од горенаведеното не значи ништо, без самодоверба. Самодовербата не е ароганција и дрскост, туку способност да ги прифатите сите свои доблести и мани. Токму тие се тие жени за кои мажите знаат да кажат дека го имаат „она нешто“.

Би можело да ве интересира:

„Има жени што го живеат својот рокенрол - со нив никогаш не знаеш на што си“ „Има жени што го живеат својот рокенрол. Колку и да го има сè помалку во светот,...
11 работи кои мажите повеќе не ги прават, кога бракот ќе почне да се распаѓа Работи кои мажите повеќе не ги прават, кога бракот ќе почне да се распаѓа: Не ги...
„Тим билдинг е еднакво на разврат - оженети мажи и омажени жени со афери по хотели“ „Тим билдинг е еднакво на разврат. Женети мажи и мажени жени се развлекуваат по ...
„Мислев дека отворениот брак е супер идеја, но сопругот се вљуби во неговата љубовница“ „Мислев дека луѓето можат да бидат вљубени во една личност, а да спијат со друга...
„Мечкина прегратка“ - Хит поза за водење љубов за паровите кои сакаат врвна интимност и страст Доколку сакате блискост и интимност при водењето љубов, тогаш ќе ви се допадне п...
Експерт за врски од Србија: „Зошто мажите изневеруваат и во среќни бракови + Зошто жените први остав... „Мажот изневерува затоа што тој има потреба од поинаква верзија на себеси во нек...

Најчитани неделава