6 пијани разговори кои секој пар ги имал после некоја чашка плус

Пиењето со партнерот е исто како коцкање - или ќе заврши со плачки и помпезно раскинување или за само неколку минути ќе испланирате што ќе работите, каде ќе живеете, колку деца ќе имате, како ќе се викаат...

6-pijani-razgovori-koi-sekoj-par-gi-imal-posle-nekoja-caska-plus-01.jpg

Искрено, се надеваме дека сте од тие вторите и дека секоја чашка плус ве тера да правите ваков план:

„Треба да ја прошетаме цела Европа додека сме млади. Што викаш да почнеме уште утре?“

После 4 чашки добро вино цел свет го имате на дланка. Одеднаш, мислите со што ќе отпатувате до Париз, како ќе земете 1 слободен месец од работа, од кој колку пари би собрале...


„Зошто не работиме нешто заедно? На пример... Тебе добро ти оди со накитот што го правиш, мене соооо...“

Работите ни се мизерија, зошто воопшто седиме и работиме? Зошто не отвориме нешто заедно? И после со парите вложиме во нешто поголемо, па здравје за неколку години ќе правиме барем по 1000 евра. Таман за куќа, викендичка, одмор, зимување...


„Ти благодарам што се грижиш за мене кога сум пијан/а. Ќе бидеш добар родител на нашите деца!“

Ова всушност е вистина, но значи и дека малку претеравте со гледањето во иднина.

6-pijani-razgovori-koi-sekoj-par-gi-imal-posle-nekoja-caska-plus-02.jpg

„Те сакам, те сакам, те сакам. Не знаеш колку мноооогу!“

Пијанството е прекрасна работа кога ќе се претвори во љубовен излив. Можеби не за луѓето од страна, но ако вотката и ракијата ве тераат на љубов, не се воздржувајте. Ова е најдобрата варијанта која може да ви се случи.


„Мислам дека е време да живееме заедно. Не мора прстен, свадба, деца, ама да побараме некое станче.“

Врската некако магично оди на следно ниво кога имате некоја чашка плус во организмот. Сепак, размислете и утредента, кога ќе бидете мамурни. Тогаш може да не ви се чини како најдобра идеја.


„Може ли да ти кажам нешто искрено? Многу би сакал/а некој ден да пробаме улоги, да купиме секс играчки, да ме заврзеш...“

Секс - сценаријата се можеби највозбудлив дел, но и најсрамен за паровите кои не се познаваат доволно добро. Само воздржете се да не отидете во секс шоп после неколкуте чашки. Утре ќе се каете.

6-pijani-razgovori-koi-sekoj-par-gi-imal-posle-nekoja-caska-plus-03.jpg

Момци, девојки - нешто да додадете?

Би можело да ве интересира:

Како да познаете лош (или насилен) партнер уште во првите шест месеци од врската? „Ако има навика да ве грабне за рака и да ве повлече силно кога сака да го следи...
Сингл девојко, добар маж доаѓа - и кога ќе те најде, ќе му заблагодари на Бог што си чекала Ти си токму таа жена за која добар маж се моли. Tаков маж постои. Тој се моли за...
„Мечкина прегратка“ - Хит поза за водење љубов за паровите кои сакаат врвна интимност и страст Доколку сакате блискост и интимност при водењето љубов, тогаш ќе ви се допадне п...
„Избегнував да бидам интимен со мојата сопруга со години и тоа ни го уништи бракот“ „Нашиот брак главно беше среќен, но отсекогаш сум имал проблеми со интимноста. Ј...
„Не пробувајте да бидете порно ѕвезда“ – Интимни совети кои можеби ќе сакате да сте ги слушнеле пора... „Сексуалната некомпатибилност е вистинска – љубовен јазик, движења, нивоа на агр...
„Мaж ми се опседна со спорт - ме запоставува и мене и децата, тоа ни го уништува бракот“ „Нервозна сум... Таткото на моите деца секогаш го избира вежбањето наместо нив. ...

Најчитани неделава