Тајна која ја кријат сите мајки: По породувањето, вагината веќе никогаш нема да биде иста

Женското тело трпи разни промени од многу причини, но за нив ретко се зборува. Дали од срам или страв, неважно.

tajna-koja-ja-krijat-site-majki-po-poroduvanjeto-vaginata-veke-nikogas-nema-da-bide-ista-01.jpg

За среќа, мразот го скрши блогерката и мајка Лори Ломас, која детално ги објаснува промените кои и се случиле по породувањето, посебно поврзани со вагината и интимниот дел.

„Некогаш имав убава вагина, прилично сум сигурна. Тоа беше пред моето прво породување. Со првото дете се пораѓав повеќе од 24 часа, а веќе по 12-от не знаев како се викам.

Секако, од оној момент кога детето излезе, вагината веќе не беше иста. Иако лекарите ме охрабруваа да туркам се посилно, на крајот се испостави дека пресилно сум напнувала, па мораа да ме шијат. А таа болка никогаш нема да ја заборавам.

Докторот ме убедуваше дека со тек на време сè ќе си дојде на свое и дека не треба да се грижам премногу.

Сепак, да бидам искрена, во тој период не размислував многу за вагината затоа што бебето ми беше во инкубатор. На крајот сè заврши добро.

Времето минуваше, раните зараснаа, конците паднаа. Сепак, вагината го немаше истиот облик, а усните ми беа посебно опуштени.

Никогаш нема да заборавам кога ставив огледало помеѓу нозете да погледнам како сега изгледа. Се шокирав. Потоа веќе не се осмелив да ја погледнам.

Мојот сопруг присуствуваше на породувањето и беше прилично свесен низ што поминав, па не поставуваше многу прашања. Едноставно, беше пресреќен кога повторно имавме секс. “

Би можело да ве интересира:

15 тајни на брачните парови кои ретко се караат (применете ги веднаш) Не чекајте да настане проблем за да зборувате. Доволни се неколку искрени речени...
11 работи кои мажите повеќе не ги прават, кога бракот ќе почне да се распаѓа Работи кои мажите повеќе не ги прават, кога бракот ќе почне да се распаѓа: Не ги...
„Има жени што го живеат својот рокенрол - со нив никогаш не знаеш на што си“ „Има жени што го живеат својот рокенрол. Колку и да го има сè помалку во светот,...
Најголемите предизвици што ги носи бракот, а за кои никој не зборува, според жени „Најтешко е тоа што ќе го видите партнерот во неговите најлоши и најгрди моменти...
11 (изненадувачки) причини зошто некои жени избираат развод, наместо да останат во брак Жените ги иритира кога сопругот „заборава“ или намерно прави нешта лошо за да из...
Психотерапевт вели: „Сега луѓето се разведуваат поради прашина, за работи на кои мајка ти или дедо м... „Сега луѓето се разведуваат поради прашина (односно за глупави и банални работи)...

Најчитани неделава