10 најчести прашања и одговори за пилулата за „ден потоа“

Пилулата за ден потоа изминативе неколку години стана многу популарна помеѓу сексуално активните лица, првенствено затоа што е еден вид на доцна контрацепција која на младите парови им овозможува безбедност.

10-najcesti-prasanja-i-odgovori-za-pilulata-za-den-potoa-01.jpg

Но, колку и да звучи забавно, гинеколозите предупредуваат на штетата со која може да се соочите ако ја земате пречесто.

После сите конфузни заклучоци и факти кои сте ги слушнале, време е да си ги одговорите 10-те најчесто поставувани прашања:

1. Дали пилулата за ден потоа е вид на абортус?

Не, таа не доведува до абортус. Ако жената е веќе бремена, а сака да ја прекине бременоста, мора да се посвети на поинакви третмани, а не на пилулата за ден потоа. Таа е ефикасна само додека оплодената јајце клетка не се закачи за ѕидот на матката.


2. Има ли ужасни несакани појави?

Иако пилулите за ден потоа се хормонски бомби, тие не се сериозна закана за здравјето. Може да очекувате мачнина, вртоглавица, главоболка и чувствителност на градите, но ништо претерано страшно.


3. Дали долгорочно ја спречува бременоста?

Пилулата за ден потоа нема да ве заштити долгорочно. Ако утредента повторно сакате да имате секс, ќе мора да се заштитите на друг начин. Таа е ефикасна само за една употреба.


4. Може ли да влијае на плодноста?

Ова е мит кој долго ги прати и стандардните антибеби пилули, но гинеколозите не се сложуваат дека е вистина.


5. Дали смее да се земе пилулата ако сте пиеле алкохол?

Ова би било прилично глупаво, со оглед на тоа што незаштитените односи се случуваат кога сте во алкохолизирана состојба. Дури и ако во крвта имате алкохол, пилулата ќе го има истиот ефект.

10-najcesti-prasanja-i-odgovori-za-pilulata-za-den-potoa-02.jpg

6. Кога е вистинското време за зимање на оваа пилула? Кога е најефикасна?

Најдобриот ефект се постигнува ако ја земете 24 часа по незаштитениот секс, но може да ја земете и 72 часа подоцна.


7. Може ли да се користи наместо антибеби пилулите?

Постојат повеќе причини зошто не би требало да се потпирате редовно на оваа пилула. Прво, не е подеднакво ефикасна како класичната контрацепција, потоа е скапа, и на крај, толкавата количина на хормони може сериозно да ви го оштети здравјето.


8. Дали пилулата делува исто на сите?

За жал, покрупните девојки кои се борат со килограмите нема да го имаат истиот успех како послабите. Истражувањата покажале дека девојките со вишок килограми полесно остануваат бремени, па овие пилули послабо делуваат кај нив.


9. Дали е тешко достапнa?

Напротив, многу лесно се купуваат. Не ви треба рецепт, иако претходно би требало да посетите гинеколог. Едноставно одите во аптека и барате препорака која пилула би требало да ја купите.


10. Дали пилулата може да го оштети плодот?

Иако не постојат никакви докази дека детето ќе се роди со недостатоци, доколку пилулата не е доволно ефикасна, сепак на ова прашање не постои конечен одговор.

Би можело да ве интересира:

„Таа имаше 3 пропаднати брака - со бизнисменот ѝ здодеа, со психијатарот не најде мир, но како најде... „Третиот брак ѝ беше со психијатар. Залудно сè, ако нема мир. Зошто да го плаќа ...
11 работи кои мажите повеќе не ги прават, кога бракот ќе почне да се распаѓа Работи кои мажите повеќе не ги прават, кога бракот ќе почне да се распаѓа: Не ги...
Како да познаете лош (или насилен) партнер уште во првите шест месеци од врската? „Ако има навика да ве грабне за рака и да ве повлече силно кога сака да го следи...
„Маж ми ме изнервира и си земав пауза од бракот“ „Само му реков: ‘Ми треба пауза од тебе. Инаку не сакам да бидам доведена во сит...
Сингл девојко, добар маж доаѓа - и кога ќе те најде, ќе му заблагодари на Бог што си чекала Ти си токму таа жена за која добар маж се моли. Tаков маж постои. Тој се моли за...
Експерт за врски од Србија: „Зошто мажите изневеруваат и во среќни бракови + Зошто жените први остав... „Мажот изневерува затоа што тој има потреба од поинаква верзија на себеси во нек...

Најчитани неделава